ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

Емпатија, правда и поддршка за жените!

Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, Гласен Текстилец учествуваше на панел-дискусијата организирана од ЕХО – Едукативно-хуманитарна организација (EcHO Educational Humanitarian Organization) и Општина Штип.

Нашата претседателка Кристина Ампева зборуваше за искуствата од секојдневната работа со жени од трудово-интензивните и нископлатени сектори, и ја нагласи длабоката поврзаност меѓу семејното насилство, економската зависност и насилството на работното место.

„Во фабриките, трговијата, угостителството, чистењето и негата, жените често немаат избор. Работат за минимална плата, со кратки договори и под постојан страв да не ја изгубат работата. Таа економска несигурност е главната причина зошто многу жени не можат да ја напуштат насилната заедница со своите деца. Кога платата не е доволна ни за егзистенција, нема простор за храброст.“ – Ампева.

Ампева истакна дека системот ретко нуди реална заштита и дека мобингот е едно од најчестите, но и најтешко докажливи насилства врз жените на работното место.

Законот бара жртвата прво шест месеци да трпи мобинг за потоа да може да поднесе постапка , апсурд што ја обесхрабрува секоја жена.

Во сите овие години, има само два докажани случаи на мобинг – и двата во јавниот сектор, додека во приватниот нема ниту еден.

Настанот беше потсетување дека борбата против насилството врз жените мора да ја вклучи и економската правда,

зашто сиромаштијата и несигурните услови ја хранат неправдата.

За жените кои живеат и работат со достоинство.

За општество без страв и молк.

Scroll to Top