Slide

ОБЈАВИ/НАЈНОВИ СЛУЧУВАЊА

Кристина Ампева од Гласен Текстилец беше една од панелистите на дебатата “Истражување на пристапи за елимирање на прекршувањата на работнички права преку достапните механизми за поплаки и жалби од работниците”

Гласен Текстилец рамо до рамо со меѓународните организиции беа дел од сесијата на ОЕЦД Меѓународниот форум за Корпоративна Должна Одговорност во текстилната индустрија, кој се одржува во Париз од 19-23 Февруари 2024. Кристина Ампева од Гласен Текстилец беше една од панелистите на дебатата “Истражување на пристапи за елимирање на прекршувањата на работнички права преку достапните […]

Повик за ангажирање на експерти за изработка на 4 годишна Стратегија за Гласен Текстилец

Предмет: Повик за ангажирање на експерти за изработка на 4 годишна Стратегија за Гласен Текстилец Гласен Текстилец во рамките на проектот„Institutional support for strengthening the capacities of Glasen Tekstilec “, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за изработка на 4 годишна Стратегија за Гласен Текстилец. Проектот е финансиски поддржан од European Endowment for Democracy […]

Повик за ангажирање на експерти за проектен циклус

Предмет: Повик за ангажирање на експерти за проектен циклус (подготовка/пишување на апликации, наративно известување, финансиски менаџмент, администативно работење и процес на ревизија) Гласен Текстилец во рамките на проектот„Institutional support for strengthening the capacities of Glasen Tekstilec “, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за проектен циклус (подготовка/пишување на апликации, наративно известување, финансиски менаџмент, администативно […]

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРАВНИК/ЧКА

Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, распишува оглас за вработување на правник/чка. Огласот можеш да го погледнеш на линкот. Испрати ни CV и кратко мотивационо писмо на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk до 25 декември 2023. Тимот на Гласен Текстилец ќе води краток разговор со пријавените кандидати (online или во просториите на Гласен Текстилец). За […]

ОГЛАСНА ТАБЛА/ЈАВНИ ПОВИЦИ

Завршени:

  1. Повик за пријавување на работилница за „Економско зајакнување на текстилните работнички преку текстилни задруги“
  2. Барање за хотелско сместување и конгреска сала од 23 до 25 јули 2021
  3. Барање за хотелско сместување и конгресна сала од 24  до 26 септември 2021
  4. Јавен повик за пријавување на жени и девојки на тридневна работилница за правно зајакнување за занконот за заштита и спречување од дискриминација.
  5. Литературен награген конкурс (во рамките на Текстилијада 5 )
  6. Барање за печатење на Policy Brief до 16 декември 2021 (12 часот)
  7. Барање за прибирање на понуди за набавка на техничка опрема – Лаптоп (18.02.2022)
  8. Јавен повик за ангажирање на експертски тим за изработка на две видео стории.
  9. Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за изработка на анализа
  10. Барање за прибирање на понуди за набавка на лаптоп (20 април 2022)
  11. Јавен оглас за вработување на правник-чка.
  12. Јавен повик за ангажирање на експерт/ка за изработка на анализа за мобинг
  13. Јавен повик за ангажирање на експерт за изработка на акциски план.
  14. Барање за хотелско сместување и конгресна сала за периодот од 23 до 25 август 2022 година. 
  15. Барање за хотелско сместување и конгресна сала за периодот од 15 до 17 декември 2022 година
  16. 01-2023-Јавен повик за набавка на канцелариска и техничка опрема
  17. 02-2023-Јавен повик за набавка на промотивни материјали
  18. Јавен повик за избор на експерт/ка за изработка на административен водич
  19. ЈАВЕН ПОВИК за волонтери/ки
  20. Оглас за вработување на правник/чка
  21. Повик за ангажирање на експерти за проектен циклус
  22.  Повик за ангажирање на експерти за изработка на 4 годишна Стратегија за Гласен Текстилец

Во тек:

  1. Барање за набавка на техничка опрема (продолжено до 29.02.2024)

КАКВА ПРАВНА ПОМОШ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ КАЈ НАС?

Пријавување на проблеми

До Гласен Текстилец можете да пријавите прекршување на работнички права, како што се:

  • прекршувања на Законот за работни односи (ЗРО);
  • прекршување на Општиот колективен договор (ОКД);
  • прекршувања на Законот за заштита и спречување од
    дискриминација

До нас досега се пријавувани секаков вид на прекршувања на работнички како што се:

  • помалку од законски утврдената минимална плата;
  • неисплаќање на плати;
  • доцнење со исплата на плата;
  • не евидентирање и неплаќање на прекувремена работа;
  • неплаќање на минат труд;
  • неплаќање на боледување;
  • неплаќање на регрес за годишен одмор (К15);
  • незаконски откази;
  • незаконски трансформации на работниот однос од неопределено на
  • определено време;
  • користење на годишен одмор;
  • мобинг на работно место;
  • прекршување на БЗР
    (безбедност здравје при работа);
  • дискриминација:
    • врз основа на бременост;
    • врз основа на родителство;
    • врз основа на национална припадност.

Бесплатна правна помош

Гласен Tекстилец дава бесплатна правна помош на работниците и работничките кои се дел од пазарот на трудот.

Правниот тим подготвува, пишува и испраќа:

  • претставки до Државниот инспекторат за труд (ДИТ) и другите надлежни инспекторати;
  • подготвува извештаи;
  • барања до фирми, како и до институции.

НИЕ СМЕ ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ

Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани.
Гласен Текстилец е оформен во 2017 година од страна на текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права.
Гласен Текстилец дејствува на територијата на Република Северна Македонија.

0

Барања, претставки и известувања до фирми.

0

Судски случаи

0

Опфат на корисници преку проектни активности

0

Имплементирани проекти

ПРОЕКТИ

Гласен Текстилец има имплементирано над 10 самостојни проекти и неколку партнерски проекти. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.

НАШИТЕ ДОНАТОРИ:

Note: Carousel will only load on frontend.
Оваа веб страна е изработена со финансиска поддршка од Шведска и Фондацијата Квина тил Квина (The Kvinna till Kvinna Foundation). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец.

Здружение за заштита на работничките права ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ – Штип
Адреса за посета/канцеларии:  Секој работен ден од 09:00-16:00 часот. Сутјеска број 59, Штип.
Административна адреса:  Пролетерска број 42, Штип.
Електронска адреса:
Телефон:  + 389 75 316 109