
За нас
Гласен Текстилец e непрофитно и непартиско здружение основано во 2017, од страна на текстилни работнички и активисти за човекови права. Од тогаш работи на афирмирање и препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права, како и на подигање на свеста на работниците/чките преку едукации, трибини, конференции, семинари и други активности, како што се застапување и лобирање, истражувања, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците/чките од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Преку програмите и проектите коишто ги имплементира Гласен Текстилец, директно се залага за унапредување на човековите, работничките права, пристапот до правда на маргинализираните, заштита од родово-базирана дискриминација, промоција на родовата еднаквост, еднаква плата за иста работа. Фокус на здружението се женските права, со оглед на тоа дека 90% од вработените во текстилната индустрија се жени.
Гласен Текстилец има имплементирано над 10 самостојни проекти и неколку партнерски проекти. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.
Во Гласен Текстилец се вработени 4 лица и 2 лица кои се постојано ангажирани.
Општи податоци:
| Датум на основање | 17.05.2017 |
| Целосен назив на субјектот | Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип |
| Кратко име на субјектот | ЗЗРП Гласен Текстилец – Штип |
| Англиски назив на субјектот | Association for protection of workers’ rights Glasen Textilec – Stip |
| Единствен даночен број | 4029017519525 |
| Единствен матичен број | 7202903 |
| Регирстрирана адреса | Улица Пролетерска број 42, 2 000 Штип, Северна Македонија |
| Адреса за посета | Улица Сутјеска број 59, 2 000 Штип, Северна Македонија |
| Правен застапник | Претседателка: Кристина Ампева |
| Цели и задачи | 1. Професионалност и транспарентност во работата на здружението; 2. Застапување на интересите во државата од приватниот сектор, со акцент на оние од текстилната, кожарската и чевларската индустрија; 3. Афирмирање и популаризација на проблемите на работниците и кршењето на нивните права; 4. Подигање на свеста на работниците преку едукации,трибини,конференции,семинари и други активности кои се Потребни; 5. Учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија; 6. Изградба на сопствена структура за подготвка на проекти за развој и унапредување на здружението; 7. Стумулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации и остварување на меѓународна соработка; 8. Поддршка, созадавање и развој на соработка со органите на централната и локалната власт, меѓународни институции и организации, странски амбасади и влади; 9. Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на работниците, преку позитивните примери во европските држави. Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија; 10. Вршење и други активности и облици на работа кои придонесуваат за унапредување на правата на работниците ,популаризација на проблемите и подигање на свеста на рaботниците; 11. Оформување и развој на мрежи и групи со организации со цел зајакнување на капацитетите за подобрување на правата на работниците; 12. Популаризација и афирмација на статусот и кршењето на правата на маргинализираната и ранливата популација која работи во текстилната,кожарската и чевларската индустрија (роми, лгбт, зависници, сексуални работници и др.); 13. Јакнење и развивање на волонтеризмот и волонтерскиот менаџмент и активно вклучување на младите како во организацијата така и надвор од неа; 14. Социјална инклузија и подигање на свеста на граѓаните работници преку уметноста и културата. |
| Мисија и визија |
Визијата на Здружението е: Да биде водечка организација за остварување на правата на работниците во РСМ. Мисијата на здружението е: Граѓани работници со висока свест, едуцирани, информирани, ги уживаат своите права. |
| Банка депонент | Комерцијална Банка АД. Скопје Филијала Штип Сметка: 300080000194032 |
| Девизна сметка | Name and adress: ZZRP Glasen Tekstilec Stip, Ul.Proleterska 42 Stip, R. Macedonia SWIFT: KOBSMK2XSTB Iban code: MK07300701003534065 Devizna smetka: 02-701-0035340.4 |
Новости од нашата работа

ЈАВЕН ПОВИК за избор на ОБУЧУВАЧ/КА за спроведување на обука за развој на вработени и волонтерите во Гласен текстилец со вклучени тим билдинг активности
Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип објавува јавен повик за ангажирање на еден/а обучувач/ка (физичко или правно лице) за спроведување на

Утре започнува деветтата „Текстилијада“ во Штип
Гласен Текстилец со гордост најавува дека на 3 и 4 октомври 2025 година, во Штип ќе се одржи деветтата по

Програма за Текстилијада #9
📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

П О К А Н А З А ТЕКСТИЛИЈАДА 9 | 3 и 4 ОКТОМВРИ 2025
Почитувани, Ве покануваме да бидете наши гости на „Текстилијада 9“, која ќе се одржи од 03 до 04 октомври 2025
[ЗАВРШЕН ПОВИК] ЈАВЕН ПОВИК за изнајмување на техничка опрема
НАРАЧАТЕЛ: Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, со седиште на ул.Сутјеска бр.59 во Штип. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:

[ЗАВРШЕН ПОВИК] Повик за учество на обука за врснички едукатори/едукаторки на теми од Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг
Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за учество на работилница за врснички едукатори/едукаторки на тема: Едукација на