ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА ВО МАКЕДОНСКАТА ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА, Анализа на состојби и генерирани податоциод две независни бази на податоци

Оваа Анализа е изработена со финансиска поддршка на Олоф Палме Интернационален Центар и Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не ги одразува ставовите на Олоф Палме Интернационален Центар и Сида.
Проектот „Occupational Diseases of Women Garment Workers in Albania and North Macedonia“, го имплементираат Гласен Текстилец“ oд Штип и Gender Alliance for Development Centre (GADC) од Тирана.

  • Публикации


Македонската текстилна индустрија е втора по големина индустриска гранка во земјата и е веднаш по металната индустрија. Таа е и една од најразвиените и најдиверзифицираните сектори во економијата на земјата во однос на индустриското производство, вработеноста и заработката од извозот. Истата учествува со 2,3% од бруто домашниот производ (БДП) или приближно некаде околу 450 милиони евра вредност на извезена роба, а во неа официјално се регистрирани 1.076 правни субјекти кои активно се вклучени на различни нивоа на производство, вработувајќи приближно 35.000 вработени и претставувајќи 8,36% од извозот на земјата во 2019 година (Државен завод за статистика, 2021). Повеќето компании работат на принципот на сечење и шиење на материјалот од кој се прави облеката (CMT). Помалку од 15% од компаниите можат да понудат „целосен пакет“, практично нудејќи му на купувачот готов производ, од дизајн, избор на материјал, сечење и шиење, контрола на квалитетот и испорака. Учеството на текстилната индустрија во вкупниот извоз во Македонија во 2019 година учествува со 8,36% од целокупниот извоз или 9,53% во 2018 година. Околу 93% од целокупното текстилно производството отпаѓаат на таканареченото CMT (сечи, шиј, скрати) производство. Најважна извозна дестинација, со повеќе од 60% од извозот е Германија, а потоа следат Холандија, Грција, Турција, Австрија, Бугарија, Обединетото Кралство, Швајцарија, Италија и Белгија. Македонската конфекција во светски рамки, претставува нешто помалку од 1% од глобалниот извоз на текстил ширум светот. (FWF, 2021). Индустријата за облека доби силен удар во 2020 година. СОВИД-19 резултираше со намалени нарачки и производство, иако некои компании почнаа да произведуваат заштитни маски, што доведе до зголемена ликвидност на краток рок. Многу работници ги загубија своите работни места, а во некои случаи, по интервенција на ДИТ, работодавачите беа принудени да ги вратат на работа. Посебно голем предизвик беше (не)почитувањето на мерките и протоколите за заштита при работа од страна на работодавачите, особено производствените компании, каде најмногу беа погодени текстилните, кожарските и чевларските работници.
Состојбата со безбедноста и здравјето во оваа индустриска гранка е на основно ниво и истата е во рамките на она што „минимално законот го побарува“. Оваа состојба се провлекува од осамостојувањето на Македонија до денешен ден. Со ваков пристап кон безбедноста и здравјето на работното место, многумина од работодавачите, во комбинација со најниските исплатени плати и големиот број на прекувремени работни часови, успеаја оваа индустрија да ја доведат во состојба да не биде можен избор за вработување за младите работници, а со тоа истата е осудена да ги одбројува своите конечни денови на постоење. Здравјето на овие вработени, како што авторите ќе покажат преку оваа студија, е значително начнато, а со тоа сосема е за очекување дека продуктивноста ќе се намалува, а грешките во производството ќе се зголемуваат.

Scroll to Top