
Благојче Дишоски
Координатор на финансии
- Experience:10
- Company:Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“
- Group:Гласен текстилец
Благојче Дишоски
Координатор на финансии
Благојче Дишоски е дипломиран доктор по општа медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, при Факултетот за медицински науки. Покрај медицинската едукација, поседува значително искуство во граѓанскиот сектор, со посебен фокус на родова еднаквост, човекови права, финансиско управување со проекти и процеси на надворешна ревизија спроведена од независни ревизорски куќи.
Своето професионално искуство го стекнува преку активен ангажман во организацијата Гласен Текстилец, каде што работи како проектен и финансиски координатор на бројни проекти, финансирани од домашни и меѓународни донатори. Во рамки на својата работа, Благојче се залага за зајакнување на правата на работничките и маргинализираните заедници, со особен акцент на одржливост и транспарентност во проектното работење.
Има учествувано на бројни обуки за професионален развој на кадарот во граѓанскиот сектор, како и на студиски посети во земјата и странство. Поседува сертификати поврзани со работењето на граѓанските организации, како и со областа на медицината.
Покрај професионалните обврски, активно волонтира во повеќе организации и иницијативи, придонесувајќи кон градење на посолидарно и инклузивно општество.