Гласен Текстилец од 2017 година работи на афирмирање и препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права, како и на подигање на свеста на работниците/чките преку едукации, трибини, конференции, семинари и други активности, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците чките од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Преку програмите и проектите коишто ги имплементира Гласен Текстилец, директно се залага за унапредување на човековите, работничките права, пристапот до правда на маргинализираните, заштита од дискриминација, еднаква плата за иста работа.
Фокус на здружението се женските права, со оглед на тоа дека 90% од вработените во текстилната индустрија се жени. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.