Работникот има права

Работните односи меѓу работодавачите и работниците се
утврдени со закон, при што треба се почитува правото на
работниците на слобода на трудот, достоинство и заштита
на интересите на работниците во работниот однос.

ПРИЈАВИ ПРЕКРШОК

Како да пријавам прекршување на моите работнички права?

1. Ја пополнувате формата за пријава

2. Пријавата анонимно се складира во нашата база

3. Пријавата се испраќа автоматски до надлежните институции електронски

Статистика за 2019 година

13
Анонимни Пријави
55
Опфатени компании со правна постапка
2
Утврдени прекршувања

За Проектот

Идејата за оваа апликација произлезе од потресните сведоштва на текстилните работници за прекршувањата на нивните права на работното место. Токму поради тоа, група програмери, графички дизајнери и правници, волонтерски ја изработија оваа апликација, чија цел е да овозможи анонимно пријавување на прекршувањата на работничките права во текстилната индустрија.

Апликацијата служи и како агрегатор на вести поврзани со зајакнувањето на информираноста помеѓу работниците, и овозможува лесно достапни информации за постапувањата на институциите. Доколку е прекршено некое твое право, можеш да испратиш анонимна пријава преку апликацијата, која ќе ја препратиме до надлежните институции задолжени за почитување на правата од работен однос, или директно да стапиш во контакт со нив користејќи ги информациите објавени подолу.

Не сте сигурни околу вашите права?


Информирај се