Оперативен грант, поддржан од СМАРТ Балкан
Во рамките на двегодишниот проект поддржан од Смарт Балканс, ќе ги одржуваме двете програми, односно програмата за почитување на работничките права и унапредување на социјалниот дијалог, каде што функционираме со обезбедување на правна и пара правна помош за вработени во целиот приватен сектор, со акцент на текстилно кожарската индустрија, нивна поддршка при остварување на правата од работен однос и човекови права пред институциите. Спроведуваме судски постапки преку надворешна адвокатска канцеларија и едуцираме приправнички од текстилниот сектор. Тоа се вработени жени кои се дел од формираните јадра и имаат улога на приправнички во нивните локални заедници. И, втората програма за институционално јакнење и развој на вработени, за да ја обезбедиме понатамошната одржливост на Гласен Текстилец.
Главната цел на проектот е: Унапредување на организациската работата, зајакнување на поставеноста на здружението и неговото влијание во средината.
Специфична цел 1: Подобрување и одржување на правната програма на Гласен Текстилец, преку јакнење и развивање на параправничкиот тим и персоналот во здружението.
Специфична цел 2: Зајакнување на работата и одржливоста на здружението, преку креирање на организациски документи, едукации и до едукации за вработените и ангажираните.
Активности во рамките на проектот:
А1: Тренинг за развој на организациска стратегија за период 2024-2028 и проектен менаџмент за вработени (Рaзвој на вработени);
А2: Едукации/до едукации за параправнички;
А3: Правна и параправна помош (надоместок за параправнички);
А4: Информативно-едукативни постови на социјалните мрежи;
А5: Адвокатски и судски трошоци за застапување и унапредување на позитивни пракси во однос на работничките и човековите права;
А6: Вработени, плати и придонеси (корелација со А1);
А7: Канцелариски и режиски трошоци, патни трошоци на организациско ниво и индиректни трошоци и набавка на ситна техничка опрема.
Буџет: 408.000,00 NOK
Период на имплементација: 01.01.2024-31.12.2025
Договор/Copy of Cooperation Agreement
WEB: Smart Balkans
Контакт лице: Благојче Дишоски, електронска пошта: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.
