
Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини
Родовата еднаквост е прашање чиј што одговор создава еднакво општество, во кое се распределуваат финансиските средства на многу поправеден и потранспарентен начин. Досегашната анализа покажува дека тие се уште се родово неутрални и не ги земаат предвид специфичните потреби на жените и мажите. За да се промени состојбата потребно е граѓанските организации да бидат препознаени во својата локална заедница, за да имаат успешна соработка со сите конституенти и да ја уживаат довербата во заедницата.
Предложени решенија и активности ќе донесат трансформативни промени преку промовирање на транспарентност, отчетност и интегритет во структурите на локалната власт. Ќе работиме на зајакнување на антикорупциските механизми, зајакнување на транспарентноста во процесите на донесување одлуки и поттикнување на родово одговорни политики и практики. Преку мобилизирање на жените и девојките, нивно зајакнување со знаења и вештини и олеснување на нивното активно учество во процесите на донесување одлуки, ние имаме за цел да создадеме порамноправно и инклузивно општество.
Вкупен буџет: 5.558.286 МКД
Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026
Специфична тема: Родова еднаквост
Контакт лице: Благојче Дишоски | blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk
Партнери:
- Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип
- Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци Виница
КОРИСНИЦИ И ЦЕЛНИ ГРУПИ:
Жени и девојките од општините Штип, Виница и Делчево. Работнички од текстилната индустрија, жени претприемачки, жени во социјален ризик (жени жртви на насилство, жени и девојки од етнички заедници, жени со хендикеп); пензионерки; новинари од локални медиуми – дописници на националните медиуми, претставници на медиумите; локалната власт – градоначалници; вработени во јавната администрација; претставници од граѓанските организации; членови на општинските совети; општинските комисии и секторите во општините; студенти/ки и средношколци/ки.
ЦЕЛИ:
Општа цел: Мобилизација и развивање на критичко и независно мислење кај жени и девојки за активно учество во креирањето на локалните политики и преземање на активна улога во решавање на родово сензитивни проблеми во општините.
Специфични цели:
- Да се направи проценка на актуелните потреби и приоритети на жените и девојките во локалната заедница;
- Да се зајакнат капацитетите на жените лидерки и граѓанските активисти за активно учество во креирање и застапување на родово одговорни политики во општината;
- Да се оствари организирано влијание и притисок врз локалните власти за решавање на родово сензитивните проблеми во заедницата.
РЕЗУЛТАТИ:
- Утврдени потреби и приоритетите на жените и девојките во локалната заедница;
- Мобилизирани ,анимирани, едуцирани и мотивирани жени и девојки за креирање на родово сензитивни политики во заедницата;
- Подготвени 3 родово буџетски иницијативи;
- Подготвени информативни материјали -постери во вид на упатства со информативна содржина за начинот на истражување на потребите, мобилизација на жените, вклучување и лобирање за остварување на конкретни барања и иницијативи;
- Реализирани 3 локални форуми;
- Реализирана 1 регионална конференција.
АКТИВНОСТИ:
A1.1. Проценка на локалните потреби и проблеми на жените и девојките од надлежност на општината:
A1.1.1. Подготовка на анкетен прашалник
A1.1.2. Теренско истражување (анкетирање)
A1.1.3. Анализа на прашалник и подготовка на извештај
A2.1. Мобилизација, едукација и создавање на јадро на женски активистки, жени лидерки од партиите, раководителки од општините:
А2.1.1. Подготовка на содржина и дизајн за промотивно информативни материјали за мобилизација на жени и девојки
А2.1.2. Реализација на 3 отворени информативни денови
А2.1.3. Работилница на тема: Можности и форми за учество на граѓаните во креирање на локални политики; Проценка на потреби на жените и девојките во општината
А2.1.4. Работилница на тема: Родова анализа и родово сензитивни политики; Родово одговорно буџетирање и родово буџетски иницијативи
А2.1.5. Работилница на тема: Застапување за родово одговорни политики и родово одговорен буџет
A3.1. Подготовка, презентација и поднесување на 3 родово буџетски иницијативи, преку трите форуми во Штип, Виница и Делчево:
А3.1.1. Работни средби за подготовка на РБИ
А3.1.2. Презентација на 3 родово буџетски иницијативи пред релевантните чинители и медиумите
А3.1.3. Состаноци со градоначалник, координаторка за еднакви можности, претседател на совет, КЕМ, претставници на комисиите при Советот на општината
А3.1.4. Поднесени 3 родово буџетските иницијативи пред Советот на општините
A4.1. Промотивно-едукативни материјали и објави на социјалните мрежи:
А4.1.1. Подготовка на информативно-едукативни постери – упатство со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“
А4.1.2. Печатење, и дистрибуирање на информативно-едукативни постери – упатства со наслов „Чекор по чекор до усвојување на родово одговорен локален буџет“
А4.2. Континуирана медиумска кампања преку социјалните мрежи и електронските медиуми:
А5.1. Реализација на 3 граѓански локални форуми
A6.1. Една регионална конференција (за Источен регион)
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.