БРИФИНГ ЗА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ, ВТОР ДЕЛ
Зајакнувањето на работничките права на жените текстилни работнички преку нивна институционална застапеност е активност од неколкугодишен проект на „Гласен Текстилец“, а поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation со цел унапредување на сегашната состојба и надминување на предизвиците кои онеспособуваат нивна ефективна правна заштита. Во таа насока, од особено значење е работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекциски надзор и прекршочна постапка (во понатамошниот текст Државна комисија).
Иако искуството од работенето на „Гласен Текстилец“ покажува дека најголем дел од трудовите инспектори се активни на терен и во најголем број на ситуации спречуваат злоупотреба на човечките и работничките права, сепак во изминатиот период се утврди дека крајните одлуки се во надлежност на друга инстанца на одлучување, односно гореспоменатата Државна комисија.
За таа цел, пред две години, „Гласен Текстилец“ изработи прв брифинг за јавни политики кој имаше за цел да ја преслика инклузивноста и транспарентноста на работата на Комисијата. Креираните препораки се засноваа на резултати добиени спроведено истражување преку анонимна анкета прашалник, како и добиените информации од јавен карактер за целокупната работа на Комисијата, со вклучен буџет и одлуки на Комисијата. Целта на истражувањето беше да ги идентификува искуствата, одговорностите, практиките и резултатите од работењето на Комисијата, опфаќајќи ги при тоа нејзините членови, пратеничите членови на јавните повици за избор на именуваната кои ја сочинуваат работата на Комисијата, како и самите трудови инспектори и нивни решенија, чија работа е под директен надзор на оваа Комисија.
Резултатите од истражувањето, заедно со другите информации од јавен карактер и препораките произлезени од нив беа претставени во првиот брифинг за јавни политики укажувајќи на потреба од унапредување на капацитетите за работа на Државната комисија, како и квалитетот на нејзиниот преглед зазголемен надзор и контрола што севкупно ќе придонесе и за подобра транспарентност. Во зајакнувањето од брифингот особено е истакната потребата за подобра транспарентност и соработка со државните инспектори за труд со цел минимизирање на случаите на унапредување на притисоци жалби против решенија на првостепените трудови технички постапки, односно двојно монтирање на инспекторите да ги надополнат и адаптираат решенијата со технички пристап кој може да биде корективен.
Со цел да се утврдат ефектите од првиот брифинг за јавни политики, кој исто така беше изработен и презентиран заедно со претставници на Државната комисија, и со државниот трудов инспекторат, се спроведе и второ истражување чиј резултати и препораки ќе бидат застапени во понатамошниот дел на овој извештај и дополнето брифинг за јавни политики.
Овој документ е целосно финансирана од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Само авторот е одговорен за нејзината содржина.
Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип.