ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

Брифинг за јавни политики, прв дел

  • Публикации

Зајакнувањето на работничките права на жените текстилни работнички преку нивна институционалната застапеност доаѓа како резултат на сегашната состојба и постојните пречки што не дозволуваат праведни и ефективни одлуки што ги штитат нивните права. Во таа насока, од особено значење е работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка (во понатамошниот текст Државна комисија).

Иако искуството од работењето на „Гласен текстилец“ покажува дека најголем дел од трудовите инспектори се активни на терен и во најголем број на ситуации спречуваат злоупотреба на човековите и работничките права, сепак во изминатиот период се утврди дека крајните одлуки се во надлежност на друга инстанца на одлучување, односно гореспоменатата Државна комисија.

Оваа активност е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип.
Оваа анализа е целосно финансирана од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Само авторот е одговорен за нејзината содржина.  

Scroll to Top