ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НАЧИНОТ, ОПСЕГОТ ИВЛИЈАНИЕТО НА ВОЗНЕМИРУВАЊЕТО ВРЗЖРТВИТЕ НА МОБИНГ

Едно од уставно загарантираните права на граѓаните на Република Северна Македонија е и правото на слободен пристап до работа, кое право е во корелација со правото на работникот да биде заштитен од секаков вид на вознемирување на работното место.
Правото на заштита на работникот од вознемирување на работното место во нашето законодавство е регулирано со Законот за заштита од вознемирување на работно место, донесен во јуни 2013 година. Целта поради која истиот се донесе е „спречување и заштита од психичко и полово вознемирување на работното место”, односно местото на работа и обезбедување на здрава работна средина” (Член 2 од овој Закон).
Законот за заштита од вознемирување на работно место, разликува два вида на вознемирување на работно место: „Психичко вознемирување на работно место и полово вознемирување на работното место“. Согласно член 5 став 1 од Законот, „психичко вознемирување на работно место е секое негативно однесување од поединец или група кое се повторува, континуирано и систематски, претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува чувство на страв или создава непријатност, пониженост, чија крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот, престанок на работниот однос или напуштање на работното
место”. Согласно член 5 став 2 од Законот “Полово вознемирување, во смисла на овој закон, е секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое има за цел или претставува повреда на достоинството на кандидатот за вработување или на вработениот, а кое предизвикува чувство на
страв или создава непријатност, пониженост.”

  • Публикации

Проектот „Пријавете мобинг, не молчете, не сме родово еднакви со мобинг“, имплементиран од Гласен Текстилец е поддржан од Реактор – Истражување во акција и нивните партнери преку акцијата „Унапредување на родовата еднаквост во процесот на пристапување во ЕУ“. Акцијата е финансирана од Европската Унија и ко-финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Анализата е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија, кофинансирана од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (Сида). Содржината е единствена одговорност на Гласен Текстилец и авторката и не ги одразува ставовите на Европската Унија или Сида.

Scroll to Top