ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

АНАЛИЗА НА ЧЛЕН 12 ОД ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

Анализата на член 12 од Законот за работните односи претставува клучен предизвик за толкување и споредба со другите законски одредби, посебно со оние кои уредуваат работни односи во јавниот и приватниот сектор, како и со колективните договори. Иако колективните договори на прв поглед изгледа дека ги унапредуваат работничките права, во пракса тие често зависат од одлуките на работодавачите, што може да доведе до нивно ограничување. Ова отвора простор за правна анализа на делови кои всушност ги намалуваат правата што Законот ги гарантира.

Во јавниот сектор, со донесување и примена на колективни договори на ниво на гранка, дел од претходно гарантираните права ја губат својата правна тежина и стануваат ограничени. Ова особено важи за одредбите кои преку колективни договори или акти на работодавачите ги намалуваат правата на вработените. Таквата практика е присутна и во македонскиот правен систем, често премолчувана од работодавачите, а за жал и од синдикатите.

Член 12 од Законот, со наслов „Ограничување на автономијата на договорните страни“, ја нагласува целта да се спречи намалувањето на работничките права преку акти или договори на работодавачите. Тој поставува рамка за регулирање која треба да ги заштити вработените од неповолни измени што можат да произлезат од колективни договори на гранка или на ниво на работодавач.

  • Публикации

Оваа анализа е целосно финансирана oд Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска. Само авторот е одговорен за нејзината содржина.  

  

Scroll to Top