Стратешко застапување
Овие активности се насочени кон зајакнување на работничките права и унапредување на синдикалното организирање во текстилната, кожарската и чевларската индустрија, како и во други потценети сектори. Преку учество во креирање на закони, подзаконски акти и колективни договори, како и преку иницирање соработка со институции и локални власти, се гради системски пристап кон подобрување на условите за труд. Активностите истовремено овозможуваат поактивно вклучување на работниците во социјалниот дијалог и креирање политики што ги засегаат. Воспоставувањето структури за застапување, правна поддршка и јавен притисок се клучни алатки за долгорочна промена.
Специфичната цел 1: Учество во социјалниот дијалог:
1. Учество во работната група за изработка на Законот за работни односи Конкретни под-активности:
• Идентификување и номинирање на претставници на „Гласен Текстилец“ во работната група.
• Подготовка на анализи и предлози засновани на случаи од пракса (од работнички пријави, правни анализи и сл.).
• Организирање консултативни средби со членови и други синдикати за формулирање заеднички ставови.
• Поднесување предлози и амандмани до работната група.
• Следење на нацрт-верзиите и јавните расправи и објавување на ставови преку медиуми и социјални мрежи.
2. Учество во работната група за изработка на Законот за заштита од вознемирување на работно место:
• Прибирање на податоци и сведоштва за психосоцијално и сексуално вознемирување на работното место од целни групи.
• Анализа на добри практики од ЕУ и регионот (Словенија, Хрватска, Бугарија).
• Изработка на предлог-одредби за дефиниции, постапки и обврски на работодавачите.
• Учество на состаноци на работната група со стручни лица за труд и ментално здравје.
• Информативна кампања за подигање на свеста за потребата од законска заштита.
3. Застапување за донесување Закон за колективно преговарање и синдикално организирање:
• Иницирање и упатување формално барање до МТСП и Собранието за отпочнување на процесот.
• Организирање средби со пратеници, експерти и синдикати за градење поддршка.
• Изработка на работна верзија на закон со експерти.
• Мобилизација на членството за јавно застапување (петиции, јавни настани, медиумска промоција).
• Поднесување иницијатива до надлежна комисија во Собрание.
4. Учество во процеси на усогласување на домашната легислатива со правото на ЕУ и меѓународните договори:
• Идентификација на клучните директиви и конвенции (на пр. ILO Конвенција 190, Директива за транспарентни и предвидливи работни услови).
• Воспоставување соработка со Министерството за европски прашања и Делегацијата на ЕУ.
• Изработка на паралелни извештаи (shadow reports) за усогласеност на домашните закони.
• Учество на јавни консултации и национални форуми за усогласување на легислативата.
• Обука на активисти за правото на ЕУ во трудовиот сектор.
5. Учество во изработка на политики и подзаконски акти за унапредување и заштита на правата на работниците:
• Следење на иницијативи за нови подзаконски акти (на пр. правилници за минимални услови за труд, здравје и безбедност).
• Поднесување на конкретни предлози и решенија засновани на теренски искуства.
• Вклучување во јавни расправи и работилници организирани од Владата или меѓународни организации.
• Обезбедување техничка помош на институциите при формулирање на нови решенија.
• Промоција на нови мерки и политики преку локални и национални медиуми за зголемување на јавната поддршка.
Специфична цел 2 – Синдикално организирање и соработка:
1. Основање синдикални организации во текстилната, чевларската и кожарската индустрија:
• Идентификување фабрики/претпријатија со критична маса за синдикално организирање.
• Организирање доверливи средби со работници и работнички.
• Правна поддршка и информирање за правата и постапката за формирање синдикат.
• Обезбедување логистичка поддршка за основачки состаноци и избор на раководство.
• Регистрација на синдикалните организации во надлежните институции.
2. Основање синдикални организации во останатите гранки и индустрии:
• Истражување на индустрии со ниско ниво на синдикализација (угостителство, трговија, услужни дејности).
• Мапирање на заинтересирани групи и индивидуалци во тие сектори.
• Кампањи за подигање на свеста и информирање за синдикалните права
• Создавање пилот-синдикати и обезбедување правна и техничка поддршка.
• Вмрежување на новите синдикати во пошироки синдикални мрежи.
3. Обука на синдикални претставници за застапување:
• Дизајн на програма за обука: теми како застапување, колективно договарање, права, лидерство.
• Ангажирање обучувачи (од домашни и меѓународни синдикати, правници, активисти).
• Организирање 3-4 регионални обуки годишно.
• Изработка и дистрибуција на прирачници за синдикално застапување.
• Следење и менторство на обучените претставници на терен.
4. Формирање грански репрезентативен синдикат на работниците од чевларската, кожарската и текстилната индустрија:
• Формална иницијатива за поврзување на постоечките синдикати во грански сојуз.
• Изработка на статут и организациски структури на гранскиот синдикат.
• Одржување конгрес или основачко собрание.
• Регистрација на гранскиот синдикат согласно законската процедура.
• Воспоставување постојан секретаријат/канцеларија за координација.
5. Учество на гранскиот синдикат во изработка на колективни грански договори:
• Формирање преговарачки тим од синдикалци и правни експерти.
• Подготовка на барања базирани на теренска анализа и состојбата на работниците.
• Водење преговори со здруженија на работодавачи во секторот.
• Организирање консултации со членството за усогласување на ставовите. Потпишување и промоција на новиот грански договор.
6. Учество на гранскиот синдикат во изработка на Општиот колективен договор за стопанството на РСМ:
• Вклучување во националното тело/работна група за колективниот договор.
• Доставување синдикални ставови и предлози.
• Учество во преговори со другите грански синдикати и организации на работодавачи.
• Промовирање на синдикалните позиции во медиумите.
• Следење на имплементацијата по потпишување на договорот.
7. Соработка со репрезентативни синдикати и организации на работодавачи:
• Потпишување меморандуми за разбирање и заедничка акција.
• Организирање заеднички работилници, јавни настани и кампањи.
• Учество во меѓусиндикални коалиции за застапување и законски реформи.
• Размена на информации и ресурси (прирачници, правна помош).
• Вклучување во трипартитни форуми и иницијативи.
Специфична цел 3 – Застапување на локално ниво и друга соработка:
1. Креирање на локален економско-социјален совет:
• Иницирање на дијалог со локалната самоуправа за формирање на советот.
• Идентификување и ангажирање на релевантни чинители (работодавачи, синдикати, НВО).
• Изработка на предлог-статут и правила на работа на советот.
• Организирање на основачка седница и официјално формирање на советот.
2. Состаноци за јакнење на капацитетите на локалниот економско-социјален совет:
• Организирање на обуки за членовите на советот за улогата и функциите на економско-социјалните совети.
• Размена на искуства со други општини кои имаат функционални совети.
• Разработка на план за работа и приоритетни области на делување.
• Следење и евалуација на активностите на советот за подобрување на неговата ефективност.
3. Состаноци со работодавачи:
• Организирање на тематски состаноци за идентификување на предизвиците во работните односи.
• Презентација на добри практики за подобрување на работните услови.
• Поттикнување на соработка помеѓу работодавачите и синдикатите.
• Размена на информации за законски обврски и новини во трудовото законодавство
4. Состаноци со Општина Штип и останати единици на локална самоуправа:
• Редовни координациски состаноци за следење на состојбата со работничките права.
• Иницирање на заеднички проекти за подобрување на условите за работа.
• Размена на информации за потребите и проблемите на работниците во општината.
• Вклучување на општинските структури во активности за поддршка на синдикалното организирање.
5. Соработка и брифинг средби со Државниот инспекторат за труд:
• Организирање на редовни средби за размена на информации за прекршувања на работничките права.
• Поднесување на заеднички извештаи и препораки за подобрување на инспекцискиот надзор.
• Вклучување на инспекторатот во обуки и кампањи за подигање на свеста.
• Размена на податоци за трендовите во прекршувањето на трудовите права.
6. Соработка и брифинг средби со Државниот санитарен и здравствен инспекторат:
• Иницирање на заеднички инспекции во ризични сектори.
• Размена на информации за здравствените ризици на работните места.
• Организирање на обуки за работниците за заштита на здравјето на работното место.
• Подготовка на заеднички препораки за подобрување на здравствените услови.
7. Соработка и брифинг средби со Управата за јавни приходи:
• Размена на информации за непријавена работа и даночни измами.
• Организирање на информативни сесии за работниците за нивните даночни обврски и права.
• Вклучување на Управата во кампањи за подигање на свеста за формалната економија.
• Подготовка на заеднички анализи за влијанието на сивата економија врз работничките права.
8. Соработка и заеднички иницијативи со Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за спречување и заштита на родово-базирана дискриминација на работно место:
• Организирање на обуки за работниците за препознавање и пријавување на дискриминација.
• Подготовка на прирачници и информативни материјали за родова еднаквост на работното место.
• Вклучување на Комисијата во истражувања за состојбата со дискриминацијата.
• Иницирање на заеднички кампањи за подигање на свеста за родовата еднаквост.
9. Состаноци и соработка со Комисиите за одлучување по прекршок од областа на работните односи:
• Организирање на средби за размена на информации за типични прекршувања.
• Поднесување на заеднички препораки за подобрување на процесот на одлучување.
• Вклучување на Комисиите во обуки за работниците за нивните права и обврски.
• Размена на податоци за трендовите во прекршувањето на работничките права.