
За нас
Гласен Текстилец e непрофитно и непартиско здружение основано во 2017, од страна на текстилни работнички и активисти за човекови права. Од тогаш работи на афирмирање и препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права, како и на подигање на свеста на работниците/чките преку едукации, трибини, конференции, семинари и други активности, како што се застапување и лобирање, истражувања, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците/чките од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Преку програмите и проектите коишто ги имплементира Гласен Текстилец, директно се залага за унапредување на човековите, работничките права, пристапот до правда на маргинализираните, заштита од родово-базирана дискриминација, промоција на родовата еднаквост, еднаква плата за иста работа. Фокус на здружението се женските права, со оглед на тоа дека 90% од вработените во текстилната индустрија се жени.
Гласен Текстилец има имплементирано над 10 самостојни проекти и неколку партнерски проекти. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.
Во Гласен Текстилец се вработени 4 лица и 2 лица кои се постојано ангажирани.
Општи податоци:
| Датум на основање | 17.05.2017 |
| Целосен назив на субјектот | Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип |
| Кратко име на субјектот | ЗЗРП Гласен Текстилец – Штип |
| Англиски назив на субјектот | Association for protection of workers’ rights Glasen Textilec – Stip |
| Единствен даночен број | 4029017519525 |
| Единствен матичен број | 7202903 |
| Регирстрирана адреса | Улица Пролетерска број 42, 2 000 Штип, Северна Македонија |
| Адреса за посета | Улица Сутјеска број 59, 2 000 Штип, Северна Македонија |
| Правен застапник | Претседателка: Кристина Ампева |
| Цели и задачи | 1. Професионалност и транспарентност во работата на здружението; 2. Застапување на интересите во државата од приватниот сектор, со акцент на оние од текстилната, кожарската и чевларската индустрија; 3. Афирмирање и популаризација на проблемите на работниците и кршењето на нивните права; 4. Подигање на свеста на работниците преку едукации,трибини,конференции,семинари и други активности кои се Потребни; 5. Учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија; 6. Изградба на сопствена структура за подготвка на проекти за развој и унапредување на здружението; 7. Стумулирање, лобирање, менаџирање, креирање и развој на соработка со медиумите, бизнис секторот, други невладини организации, фондации, асоцијации и остварување на меѓународна соработка; 8. Поддршка, созадавање и развој на соработка со органите на централната и локалната власт, меѓународни институции и организации, странски амбасади и влади; 9. Стимулирање, поддршка, имплементација и застапување на работниците, преку позитивните примери во европските држави. Учество во решавање, надминување и задоволување на проблемите и потребите на работниците во текстилната,кожарската и чевларската индустрија; 10. Вршење и други активности и облици на работа кои придонесуваат за унапредување на правата на работниците ,популаризација на проблемите и подигање на свеста на рaботниците; 11. Оформување и развој на мрежи и групи со организации со цел зајакнување на капацитетите за подобрување на правата на работниците; 12. Популаризација и афирмација на статусот и кршењето на правата на маргинализираната и ранливата популација која работи во текстилната,кожарската и чевларската индустрија (роми, лгбт, зависници, сексуални работници и др.); 13. Јакнење и развивање на волонтеризмот и волонтерскиот менаџмент и активно вклучување на младите како во организацијата така и надвор од неа; 14. Социјална инклузија и подигање на свеста на граѓаните работници преку уметноста и културата. |
| Мисија и визија |
Визијата на Здружението е: Да биде водечка организација за остварување на правата на работниците во РСМ. Мисијата на здружението е: Граѓани работници со висока свест, едуцирани, информирани, ги уживаат своите права. |
| Банка депонент | Комерцијална Банка АД. Скопје Филијала Штип Сметка: 300080000194032 |
| Девизна сметка | Name and adress: ZZRP Glasen Tekstilec Stip, Ul.Proleterska 42 Stip, R. Macedonia SWIFT: KOBSMK2XSTB Iban code: MK07300701003534065 Devizna smetka: 02-701-0035340.4 |
Новости од нашата работа

Заврши циклусот врснички едукации #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПрава #ЈаЗнамСвојатаМоќ
Заврши циклусот на врснички едукации #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПрава #ЈаЗнамСвојатаМоќ со фокус на правата на младите пред првиот работен однос! Се едуцираа над

Емпатија, правда и поддршка за жените!
Во рамки на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените“, Гласен Текстилец учествуваше на панел-дискусијата организирана од ЕХО

Родовата еднаквост и локалните буџети: Како да ги направиме општините поинклузивни и одговорни?
Анализата за потребите на жените и девојките од источниот регион е изработена во рамките на проектот „Преку женски активизам и

[Завршен повик]ЈАВЕН ПОВИК за избор на ОБУЧУВАЧ/КА за спроведување на обука за развој на вработени и волонтерите во Гласен текстилец со вклучени тим билдинг активности
Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип објавува јавен повик за ангажирање на еден/а обучувач/ка (физичко или правно лице) за спроведување на

Работна средба со Амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Oла Солстром
Минатата седмица, претставници на Гласен Текстилец остварија продуктивна средба со Амбасадорот на Шведска во земјава, Oла Солстром (Ola Sohlström). На

Утре започнува деветтата „Текстилијада“ во Штип
Гласен Текстилец со гордост најавува дека на 3 и 4 октомври 2025 година, во Штип ќе се одржи деветтата по