ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

ЈАВЕН ПОВИК за избор на ОБУЧУВАЧ/КА за спроведување на обука за развој на вработени и волонтерите во Гласен текстилец со вклучени тим билдинг активности

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип објавува јавен повик за ангажирање на еден/а обучувач/ка (физичко или правно лице) за спроведување на обука за развој на капацитетите на внатрешниот персонал и волонтерите во ГТ, со вклучени тим билдинг активности.

Ангажманот е во рамки на проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 3“, финансиран од Фондацијата Kvinna till Kvinna и Шведска.

1. За физички лица:

  • Најмалку 3 години искуство во спроведување на обуки поврзани со работата на граѓанскиот сектор, тим билдинг активности и организациско работење.

2. За правни лица:

  • Апликантот треба да има најмалку 3 години искуство во спроведување обуки и тренинг програми во области поврзани со граѓанскиот сектор и тим билдинг активности.
  • Искуство во имплементација на програми за организациски развој и капацитети ќе биде предност.
  • Познавање на човековите права и родовиот концепт;
  • Професионално искуство во граѓанското општество.

Бараме високо искусен/а и професионален/а обучувач/ка за следниве задачи:

  • Развој на интерактивна и детална програма за обуката и сите придружни материјали за тродневната обука (вклучувајќи темите опфатени во компонентите на обуката);
  • Користење на интерактивен пристап при работа со учесниците;
  • Развој на методологија и програма за обуката;
  • Споделување на методологијата и програмата со организаторите од Гласен текстилец. Гласен текстилец го задржува правото да направи промени во предлогот;
  • Одржување на тродневна обука за волонтери/вработени;
  • Обуката ќе се одржи во периодот од 5 до 7 декември 2025 година;
  • Подготовка на наративен извештај за реализираната обука и споделување со организаторите не подоцна од 10 декември 2025 година. Извештајот треба да биде напишан на англиски јазик и превод на македонски јазик.
  1. Промовирање на здрава и пријатна работна средина и толеранција: Изградба на позитивна организациска култура, промовирање на здрави односи и толеранција како клуч за поддршка на продуктивноста и задоволството на вработените и волонтерите.
  2. Стекнување на вештини за организациско раководење: Вклучување на вештини за ефективно раководење со организацијата, управување со проекти, ресурси и тимови.
  3. Градење на интерперсонални вештини: Развивање на комуникациските и социјалните вештини за подобрување на тимскиот дух и соработката.
  4. Тим билдинг активности за вработени и волонтери: Активности за подобрување на меѓусебната комуникација и соработка, како и зголемување на мотивацијата и ефикасноста.
  5. Менаџирање на време и работни обврски: Вештини за ефективно управување со време, како поединец така и во тим.

Кандидатите се повикуваат да аплицираат со следниве документи:

  1. Анекс 1: Образец за апликација (во кој се наведуваат сите потребни информации за квалификации и искуство);
  2. Анекс 2: Буџет (изразен во денари);
  3. Листа со референции: ја креира самиот апликант/ка (физичко или правно лице).

Анексите се поднесуваат електронски на: glasentekstilec@gmail.com до 20 ноември 2025 година.

Напомена: Некоплетни апликации и апликации доставени по рокот не ќе бидат разгледувани.

Дополнителни прашања може да се достават електронски до 15 ноември 2025 година, преку електронската адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Scroll to Top