„Плата за живот“ е циклус од десет дигитални принтови на уметницата Јана Јакимовска, создаден во 2022 година и директно инспириран од осмото издание на Текстилијада и темата за достоинствени плати на текстилните работнички и работници.

„Плата за живот“ ја спојува уметноста со борбата за работнички права и ја пренесува една од клучните пораки на Гласен Текстилец: достоинствениот труд мора да биде проследен со достоинствена плата.