Во периодот од 16 до 17 мај, 2024 година, успешно ја завршивме нашата дводневна обука на тема заштита на лични податоци и изработка на политика за заштита на лични податоци!
Ден 1: Нашите активности опфатија сесии:
Запознавање со основите на Законот за заштита на лични податоци;
Воспоставување систем за заштита на собраните лични податоци;
Спроведување на обврските за млади граѓански организации согласно со Законот;
Складирање на податоците на онлајн простор и нивна заштита;
Ден 2: Акцентот беше ставен на подготовката на Политиката за заштита на лични податоци.
Учиме како правилно да изработиме и имплементираме, за да ја заштитиме приватноста на нашите работнички и работници.
Обуката ја завршивме со сесија со менторска поддршка за сите учесници, за да обезбедиме успешна примена на наученото. Со обуката раководеше Лилјана Пецова Илиеска, долгогодишна експертка од областа.

Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип.
