Првата од низата на работилници за синдикално организирање ја организираме наредната недела во Stip.
Работилницата е наменета само за работници и работнички од општина Штип.
📅 Датум: 07.06.2024
🕕 Време: 18:00 часот
📍 Место: х. Оаза во Штип


Целите на овие настани се:
- Да се запознаат работниците од приватниот сектор со пристапување кон синдикатот;
- Да се објаснат целите кои ги има синдикатот;
- Да се информираат работниците за бенефитите кои ќе ги добијат со пристапување кон синдикатот.
Синдикални средби во другите градови:
Започнуваме со средбите со сите работници и работнички кои се пријавија дека сакаат да членуваат во Гласен Синдикат. Вашиот интерес можете да го изразите преку пополнување на линкот: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScztveFapO72iXORJudSsoagMFY-SgBuG7xHC0JjLVl4BowaA/viewform
Работилници во останати градови: (информации наскоро):
- Кочани, во пицерија „Аквариум“ на ден 18 јуни 2024 година, со почеток од 18:00 часот.

Оваа активност е дел од проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип.
Проектот е финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Олоф Палме центарот и Шведска.

