

Благојче Дишоски е доктор по медицина, активист и бранител на човековите права, коосновач на „Гласен Текстилец“ и раководител на финансиското и административното работење на организацијата.
Дипломирал општа медицина на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Иако неговото формално образование е од областа на медицината, професионалниот ангажман го насочува кон граѓанскиот сектор, човековите права и развојот на одржливи граѓански организации.
Во работата на „Гласен Текстилец“ е вклучен од 2017 година, најпрво како волонтер и активист. Подоцна работи како проектен координатор на активности поврзани со родовата еднаквост, човековите права и родово базираната дискриминација. Од 2019 година е вклучен во финансиското управување со проекти поддржани од домашни и меѓународни донатори, а од 2021 година ја извршува функцијата финансиски координатор, односно раководител на финансии.
Неговата работа опфаќа финансиско планирање, подготовка и следење на буџети, финансиско известување, административно управување, подготовка за ревизии и обезбедување усогласеност со донаторските и законските правила. Со својата работа придонесува средствата на организацијата да се користат одговорно, транспарентно и во согласност со целите за кои се обезбедени.
Покрај финансиското управување, Благојче учествува во подготовката и координацијата на проекти, развивањето партнерства и јакнењето на организациските капацитети. Тој е активно вклучен во иницијативи за родово одговорно буџетирање, граѓанско учество, родова еднаквост и локално застапување, како и во организацијата и јавната промоција на фестивалот „Текстилијада“.
Неговото искуство со долгогодишната работа со финансиското и проектното управување создаваат мултидисциплинарен пристап кој е значаен за стабилноста и одржливоста на „Гласен Текстилец“.
We would love to hear from you! Whether you would like to volunteer, support our programs, or learn more about our activities, feel free to contact us.
„Glasen Tekstilec" is a non-profit and non-partisan association founded by textile workers and human rights activists. We fight for decent work, equality and justice.
Copyright © 2026 Glasen Tekstilec. All rights reserved.