Шестото издание на весникот „Текстилец“ продолжува да ги отвора прашањата што секојдневно ги засегаат работниците и работничките.

Преку анализи, интервјуа, стручни ставови и искуства од терен, весникот го истакнува значењето на информираноста, солидарноста и заедничкото дејствување во борбата за достоинствена работа, сигурна егзистенција и доследно почитување на работничките права.

Преземете го шестото издание и дознајте повеќе за темите и предизвиците што го обликуваат работничкото секојдневие.