Второто издание на весникот „Текстилец“ ги прикажува реалните услови за работа во текстилната, кожарската и чевларската индустрија преку интервјуа, истражувања и искуства на работничките.

Во него се обработуваат неисплатената прекувремена работа, потпишувањето празни листови и спогодби, правното описменување, синдикалното организирање и улогата на трудовата инспекција. Изданието содржи и текстови за „Текстилијада 2018“ и поврзувањето на културата и уметноста со борбата за работнички права.

Преземете го второто издание и запознајте се со проблемите, искуствата и барањата на работниците и работничките.