Brief description of the project:

Општа цел: Да се поттикне родово-одговорно буџетирање во Општина Штип преку активно учество и застапување на жените во процесите на локално одлучување.  
Краткорочни цели:
•КЦ1: Да се зголеми знаењето на најмалку 60 жени за родово-одговорно буџетирање и локално одлучување;
•КЦ2: Да се создаде простор за дијалог помеѓу жените, општината и јавните институции за вклучување на родови перспективи во буџетот за 2026 и 2027.
•КЦ3: Да се изработат најмалку три конкретни предлози за родово чувствителни мерки и да се достават до Општина Штип.

Целна група се жените и девојките од општините од Источниот регион.  Целните групи, кои истовремено се и корисници на резултатите од проектот, ќе опфатат работнички од текстилната индустрија и останатиот приватен сектор, жени претприемачки, жени во социјален ризик (жени  жртви на насилство, жени и девојки од етнички заедници, жени со хендикеп), претставници на медиумите. Локалната власт – градоначалници, вработени во јавна администрација,  претставници од граѓански организации, членови на општинскиот совет, општинските комисии и секторите во општините.
Kрајни корисници: Ранливите категории на жени, нивните семејства, женската популација во општината, локалните власти, младите во општините и целокупната заедница во општините.

Activities:

4.1. Истражување и мапирање на потребите на жените

4.2. Обуки и практични работилници за родово-одговорно буџетирање

4.3. Јавен форум „Жените знаат што им треба“

4.4. Комуникациска и медиумска кампања

Implementation period: 

9 месеци, почнувајќи од февруари 2026.

Contact person:

Благојче Дишоски, blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Проектот „"Women with a voice for a fair budget in Shtip"“ е спроведуван од Гласен текстилец, како дел од проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia”, имплементиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а финансиран од UN Women.