Четвртото издание на весникот „Текстилец“ ги документира предизвиците со кои се соочуваа работниците во текот на 2021 година.

Во изданието се застапени теми за арт-активизмот во Штип, животот на жените од населбата Камено, современите форми на трудова експлоатација, последиците од пандемијата и пристапот до здравствена заштита. Се отвораат и прашањата за минималната плата, државната финансиска поддршка, улогата на жените во текстилната индустрија и одговорноста на институциите.

Преземете го четвртото издание и прочитајте ги анализите, интервјуата и работничките приказни.