ЈАВЕН ПОВИК: ВРАБОТУВАМЕ: Административно-финансиски/ка асистент/ка

Потребни квалификации:

  • Високо образование (економски науки);
  • Финансиско искуство;
  • Административно искуство;
  • Напредно познавање на англискиот јазик;
  • Напредно познавање и раководење со компјутерски програми (Excel, Word, PPT и слично).

Што добиваш?

  • Работа во пријатна и пријателска атмосфера;
  • 40 часови работно време седмично (100 %), со определено работно време и можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Можност за платени придонеси и бенефиции;
  • Можност за надоградување и унапредување.

Твоите почетни обврски:

  • Раководење со финансиско-административниот дел од проектите;
  • Учество и логистика на настани и проектни активности;
  • Подготовка на проектни апликации.

Платата е 26.000,00 денари, бруто износ (со можност за зголемување), со вклучени бенефиции (пензиско/инвалидско осигурување, социјално осигурување, здравствено, персонален данок на доход, сл.).

Пријави се!

Испрати ни CV и кратко мотивационо писмо на: vrabotuvanje@glasentekstilec.mk до 21 февруари 2022.

Тимот на Гласен Текстилец ќе води краток разговор со пријавените кандидати (online или во просториите на Гласен Текстилец).

Избраниот/избараната кандидат/ка го/ја известуваме преку електронска пошта.

Сите дополнителни информации можете да ги добиете на vrabotuvanje@glasentekstilec.mk

Ве очекуваме!

За нас:

Гласен Текстилец од 2017 година работи на афирмирање и препознавање на проблемите на работниците и кршењето на човековите и работничките права, како и на подигање на свеста на работниците/чките  преку едукации, трибини, конференции, семинари и други активности, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците/чките од приватниот сектор, со акцент на текстилната, кожарската и чевларската индустрија. Преку програмите и проектите коишто ги имплементира Гласен Текстилец, директно  се залага за унапредување на човековите, работничките права, пристапот до правда на маргинализираните, заштита од дискриминација, еднаква плата за иста работа. Фокус на здружението се женските права, со оглед на тоа дека 90% од вработените во текстилната индустрија се жени.

Гласен Текстилец има имплементирано над 10 самостојни проекти и неколку партнерски проекти. Преку проектните активности, се залага за директно унапредување на правата на текстилните работнички, кои патем се човекови права, загарантирани со Устав.

Во Гласен Текстилец се вработени 5 лица и неколку кои се постојано ангажирани.

Blagojche Dishoski

Finance Coordinator

Related Post