Preloader
Preloader

Заштита на работничките права

Гласни за правата, заедно за достоинствен труд.

Сите работнички и работници заслужуваат достоинство и заштита. Обезбедуваме правна помош, едукација и застапување за заштита и унапредување на работничките права во С. Македонија.

Поддршка што носи промени

Од индивидуална правна помош до системско застапување, стоиме на страната на работниците.

работници поддржани
0 +
судски постапки од 2017 година
0 +

За нашата организација

Заедно за достоинствен труд и еднакви права

„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано во 2017 година од текстилни работнички и активисти за човекови права.

Нашата мисија

Граѓани работници со висока свест, едуцирани, информирани ги уживаат своите права.

Нашата визија

Да бидеме водечка организација за остварување на правата на работниците во РСМ.

години заедно со работниците
0 +

Нашите програми

Работиме за достоинствен и праведен свет на трудот

Правна помош и зајакнување

Бесплатна правна и параправна поддршка за остварување и заштита на правата.

Промоција на работничките права

Едукација, теренски активности и јакнење на гласот на работниците.

Родова еднаквост

Поддршка и застапување за еднакви можности и достоинствена работа.

Градење капацитети и одржливост

Го јакнеме тимот, партнерствата и одржливоста на организацијата.

Стратешко застапување

Ги претвораме проблемите на работниците во системски промени.

Текстилијада

Фестивал што ги поврзува работничките права, културата и активизмот.

Нашето влијание

Заедно создаваме промени

Преку директна поддршка, јавно застапување и соработка со работниците, придонесуваме кон подобри услови за работа и почитување на работничките права.

Гласот на работниците

Ги слушаме проблемите на работниците и ги застапуваме нивните права.

Бесплатна правна поддршка

Обезбедуваме советување и помош при повреда на работничките права.

Промени преку застапување

Предлагаме решенија и бараме одговорност од институциите.

Правда и достоинство за секој работник

Ние сме на терен, во институциите и во судниците. Застануваме рамо до рамо со секој работник кој се соочува со неправда, експлоатација или мобинг, нудејќи директна поддршка и бескомпромисна одбрана.

Имплементирани самостојни проекти
0
Партнерски проекти
0
Активни волонтери
0 +
Судски постапки
0 +
Настани
0 +

ЧПП

ЧПП поврзани со нашата работа

Нашата примарна мисија е заштита, едукација и унапредување на работничките права. Се фокусираме на борбата против трудовата експлоатација.

Нудиме бесплатна правна помош за сите работници. Можете да ни се обратите доколку се соочувате со неисплатена плата, неисплатен регрес (К-15), неплатена прекувремена работа, мобинг на работното место или незаконски отказ и други прекршувања на Законот за работните односи.

Разбираме дека пријавувањето често носи страв од последици. Нашата организација ви нуди безбеден простор за разговор. Иако за официјалните институционални постапки најчесто е потребен идентитет, ние ви гарантираме целосна дискреција во процесот на подготовка и никогаш нема да ги споделиме вашите податоци без ваша дозвола.

Секогаш сме отворени за храбри луѓе кои сакаат да придонесат кон социјалната правда. Можете да се вклучите во нашите теренски активности, едукативни работилници и јавни кампањи. Контактирајте нè за повеќе информации.

Искуства и сведоштва

Силата на нашата заедница

  Гласни работници и активни сојузници
0 +

Докажана посветеност

„Гласен текстилец“ е вистински глас на работниците и пример за искрена борба за работничките права. Одличен извор на корисни информации, поддршка и доверба за секој работник.“

Винка Правулова Работничка

„Со „Гласен текстилец“ заедно сме посилни и заедно сме погласни. Преку нивната континуирана посветеност, работниците добиваат силна поддршка и сигурност дека нивниот глас се слуша, вреди и се почитува.“

Катерина Ордева Работничка

„Преку социодрамски техники и Трансакциска анализа, со тимот на „Гласен текстилец“ ги анализиравме улогите на Прогонител, Спасител и Жртва во контекст на правната заштита. Оваа подготвеност длабоко да се разгледаат социјалните појави го прави нивниот тим исклучително свесен, одговорен и сигурен заштитник на работничките права.“

Јасмина Калеовска Социјална работничка, соработничка

„Имам присуствувано на граѓански форуми организирани од „Гласен текстилец“, на разни настани и обуки за заштита на правата на работниците и родова еднаквост. Учествував и на работилници за родово одговорно буџетирање, како и на многу други слични настани кои оставија силен и позитивен впечаток.“

Славица Накова Работничка

„Гласен текстилец ми овозможи континуиран професионален развој преку различни програми и проекти, каде што ги надградив моите знаења и вештини во финансискиот менаџмент. Верувам дека одговорното управување со ресурсите е клучно за создавање одржливи промени и позитивен импакт во заедницата..“

Благојче Дишоски Финансиски службеник
Партнери
Донатори