

„Гласен Текстилец“ ги информира, поддржува и застапува работничките и работниците, со посебен фокус на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Секој наш чекор започнува со гласот и потребите на работниците. Преку информирање, поддршка и јавно застапување ги претвораме проблемите во конкретни промени.
Граѓани работници со висока свест, едуцирани и информирани, кои ги уживаат своите права.
Да бидеме водечка организација за остварување на правата на работниците во Република Северна Македонија.
Солидарност, еднаквост, независност, професионалност, отчетност и транспарентност.
Нашата работа започнува со искуството на работниците. Го утврдуваме проблемот, обезбедуваме соодветна поддршка и ги застапуваме нивните барања пред институциите и јавноста.
Разговараме со работниците и ги документираме повредите на работничките права.
Обезбедуваме бесплатна правна и параправна помош и ги активираме достапните механизми за заштита.
Случаите ги претвораме во барања за системски промени и го следиме постапувањето на институциите.
Нашите цели и задачи ја преточуваат мисијата на „Гласен Текстилец“ во конкретна работа за заштита и унапредување на работничките права, еднаквоста и солидарноста.
Работиме професионално, одговорно и транспарентно, со јасни процедури и отчетност кон работниците, партнерите и јавноста.
Ги застапуваме интересите на работниците од приватниот сектор, со посебен фокус на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Ги правиме видливи проблемите со кои се соочуваат работниците и јавно укажуваме на повредите на нивните права.
Организираме активности преку кои работниците ги запознаваат своите права и механизмите за нивна заштита.
Учествуваме во подготовката и унапредувањето на законите и прописите што ги засегаат работниците.
Ги развиваме сопствените капацитети за подготовка и реализација на проекти.
Градиме партнерства за поголема видливост, поддршка и заедничко дејствување во заштитата на работничките права.
Соработуваме со домашните и меѓународните институции за поефикасно решавање на работничките проблеми.
Ги следиме позитивните европски практики и ги применуваме во застапувањето и поддршката на работниците.
Спроведуваме дополнителни активности што придонесуваат за подобра информираност и заштита на работниците.
Создаваме мрежи со други организации за размена на знаење, здружено дејствување и поголемо влијание.
Ги правиме видливи проблемите на маргинализираните и ранливите работници и се залагаме за еднаква заштита на нивните права.
Создаваме можности за волонтирање, младинско учество и активно дејствување во заедницата.
Преку уметнички и културни активности ја поттикнуваме социјалната инклузија и јавната свест.
Луѓето кои ја препознаа потребата од здружен глас и ги поставија темелите на организацијата во борбата за достоинствена работа, еднаквост и заштита на работничките права.
Членови на органите на Здружението „Гласен Текстилец“.
Заедно можеме да направиме повеќе за работничките права. Контактирај нè
Прочитајте ги искуствата на работниците, соработниците и партнерите кои непосредно ја почувствувале нашата поддршка и биле дел од нашата борба за подобри работнички права.
„Гласен текстилец“ е вистински глас на работниците и пример за искрена борба за работничките права. Одличен извор на корисни информации, поддршка и доверба за секој работник.“
„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано од текстилни работнички и активисти за човекови права. Се бориме за достоинствена работа, еднаквост и правда.
Copyright © 2026 Гласен Текстилец. Сите права се задржани.