Врснички едукации #ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ со средношколците од Штип, Виница и Кочани ги започнавме минатата недела. Едукаторите од #ГласенТекстилец
се запознаа со клучните компоненти од Законот за работни односи
: договори за вработување
, права на работници под 18 години
, мобинг
, дискриминација на работното место
и врсничко насилство
.
Обуката беше спроведена од нашата правничка Kristina Nedkova, м-р – специјалист по право во областа на казнено право. Вториот дел од обуката беше посветен на разговори и дискусии, каде што преку примери се разјаснуваа различни концепти. Потоа, младите обучувачи играа „Кахут“ квиз на зададената тема како проверка на знаењето. На крајот, имавме заклучок, согледавме „дрвото на очекувања“
и дискутиравме дали сè е исполнето за време на работилницата, како и за идните цели поврзани со обуките
.
Во наредниот период, врсничките едукатори ќе ги пренесат своите знаења низ училиштата до своите соученици, помагајќи им да се запознаат со заштитата од дискриминација
, мобинг и превенција од врсничко насилство
, како и со своите обврски и права за време на работа.
Обуката е поддржана од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска.
#ВрсничкиЕдукатори#РаботничкиПрава#ГласенТекстилец#ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ
