Во периодот од 8 до 9 ноември, 2024 година, во Штип, заеднички ги дефиниравме стратешките цели на Гласен Синдикат и ги разработивме клучните активности што ќе ја одредат нашата мисија за заштита и унапредување на правата на работниците.
Цели кои ги обработивме:
Цел 1: Зголемување на членството: Организирање на настани насочени кон текстилниот и други сектори, јакнење на мрежата на синдикални претставници и промоција на позитивни примери на соработка.
Цел 2: Национално застапување: Лобирање за подобри закони и економски мерки, кампањи за подигање јавна свест и активно учество во носењето политики за работници.
Цел 3: Моќно колективно преговарање: Фокус на правични плати, безбедни услови и силни колективни договори преку редовни обуки и анкети меѓу членовите.
Цел 4: Заштита и поддршка на работничките права: Креирање достапни ресурси за пријавување прекршоци, обезбедување правна поддршка и редовни работилници за свест и едукација.
Цел 5: Промена на перцепцијата за работниците: Јавни настани, кампањи со лични приказни и соработка со заедницата за истакнување на улогата на работниците во општеството.
Цел 6: Организациска одржливост: Грантови, партнерства и инвестирање во обука на синдикалните лидери за долгорочна стабилност и релевантност.
Работилницата е финансирана од Olof Palmes Internationella Center, а организирана во партнерство со Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje.