Преднатоварувач
Прескокни до содржина
default-logo
  • За нас
    • Кои сме
    • Нашиот тим
    • Партнерства и мрежи
    • Транспарентност
      • Годишни извештаи
      • Организациски документи
  • Нашата работа
    • Програми
    • Тековни проекти
    • Завршени проекти
    • Текстилијада
  • Ресурси
    • Публикации
    • Весник „Текстилец“
    • Стрипови
  • Новости и повици
    • Соопштенија и новости
    • Повици
  • Контакт
    • Контактирајте нѐ
    • Пријави корупција
  • EN
  • Гласен Синдикат
EN
Гласен Синдикат
Преднатоварувач

Обединети против насилство врз жените и девојчињата!

  • 07.12.2024
  • Новости, Kvinna till Kvinna, OPC

Марш: Обединети против насилството врз жените и девојките! 💜

Како дел од глобалната кампања за 16 денови активизам против насилството врз жените и девојчињата, нашиот партнер ЕХО (EcHO Educational Humanitarian Organization), во соработка со Општина Штип и поддршката на Гласен Текстилец, организираше инспиративен марш под мотото: „Обединети против насилството врз жените и девојките.“

Средношколците беа дел од настанот, носејќи транспаренти подготвени од младите поддржувачи на ЕХО, испраќајќи гласна порака за солидарност и акција до јавноста. Нивната енергија го засили нашиот повик за промена и покажа дека младите се подготвени да се борат за побезбедна и поеднаква иднина.

Но, нашата борба не застанува на симболиката. Во ЕХО секојдневно работат на зајакнување на жените и девојките преку нивниот Центар за интегративен мултисекторски пристап, обезбедувајќи им пакет услуги на жените изложени на насилство и залагајќи се за правни реформи кои ќе ги заштитат жртвите.

Клучна промена што ја бараат е:

Измена на член 130, став 2 од Кривичниот законик, за да се овозможи сторителите да бидат гонети по службена должност наместо по предлог на жртвите. Оваа промена е од суштинско значење за обезбедување правда и соодветна заштита на жртвите.

Маршот беше повеќе од обична прошетка – беше можност за кратка едукативна сесија и интерактивни дискусии со младите за:

🔹 Видовите насилство

🔹 Разбивање на стереотипите и предрасудите

🔹 Градење култура на еднаквост и превенција

Заедно испративме јасна и силна порака: Насилството е неприфатливо. Само обединети можеме да создадеме вистинска и трајна промена.

Галерија: https://www.facebook.com/share/p/15eaEWy6BS/

#16DaysOfActivism#EndViolence#UnitedForChange#EcHO#GlasenTekstilec

Ознаки:Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регионОрганизирани граѓани за организирана иднинаРодова еднаквост

„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано од текстилни работнички и активисти за човекови права. Се бориме за достоинствена работа, еднаквост и правда.

Брзи линкови

  • Кои сме
  • Нашиот тим
  • Партнерства и мрежи
  • Транспарентност
  • Контакт
  • Пријави корупција

Работа и ресурси

  • Програми
  • Тековни проекти
  • Текстилијада
  • Публикации
  • Весник „Текстилец“
  • Новости и повици

Контакт

+389 75 316 107

info@glasentekstilec.mk

ул. Ванчо Прке бр. 125, Штип

Следи нѐ

Copyright © 2026 Гласен Текстилец. Сите права се задржани.