Ние, заедно со нашите партнери, бевме дел од Средбата за вмрежување – настан кој обединува носители и партнери на грантовите поддржани од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас (Civica Mobilitas).
Нашиот проект „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, во партнерство со ИНИ и EcHO Educational Humanitarian Organization, ќе биде дел од оваа важна платформа за размена на искуства и идеи.
Заедно градиме посилни мрежи за поголемо влијание!
#ГраѓанскиАктивизам #РодоваИнклузивност #ЦивикаМобилитас
#ГласенТекстилец
#ЕХО
#ИНИ
#CivikaMobilitas
#CHinMK
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.