Денес нашите партнери од Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, потпишаа Меморандум за соработка со Општина Штип. Овој проект го спроведуваме заедно со Здружението ЕХО Едукативно хуманитарна организација и Здружението ИНИ Иницијатива на невработени интелектуалци.
Со ова партнерство започнуваме важен чекор кон реализација на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, кој нуди практични решенија за трансформативни промени во заедницата.
Меморандумот има за цел:
- Проценка на актуелните приоритети и потреби на жените и девојките во локалната заедница;
- Мобилизација на жени и девојки во креирање на родово сензитивни политики и програми во заедницата;
- Поддршка во организацијата на 1 локален Форум на
заедницата, како и учество на претставници/чки од општинската администрација во реализација на останатите активности поврзани со презентација и одредување на приоритети за подготовка на родово буџетски иницијативи; - Учество на регионална конференција;
- Поддршка при мобилизација и создавање на јадро на женски активистки – лидерки, меѓу кои и жени активистки од партиите и раководителки од општинската администрација;
- Активно вклучување на вработените во општината во
активности/работилници за родово одговорно буџетирање; - Вклучување на жените и девојките од заедницата во креирање на општинските програми и проекти;
- Поддршка во мобилизација на жените и девојките од заедницата за учество на отворените денови за промоција на активностите на проектот и родово одговорното буџетирање;
- Залагање и застапување за реализација на родово – буџетски иницијативи, предложени од проектниот тим.
Заеднички градиме поправедна и инклузивна заедница!
Проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.
Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.