Во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска, во периодот на месец декември ги реализиравме врсничките едукации за теми поврзани со Законот за работните односи, вознемирување на работното место и меѓуврсничко насилство.
Работилниците беа предводени од 6 врснички едукатори, кои претходно беа едуцирани во Штип.
Следните училишта беа опфатени со едукациите #ГиЗнамСвоитеРаботилниПраваЈаЗнамСвојатаМоќ
1. ПСУ САБА Штип;
2. СОУ „Јане Сандански“ – Штип;
3. СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип;
4. СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани;
5. ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип;
6. СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип
Вкупно беа опфатени околу 150 средношколци.