ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316109

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

Јавен повик за ревизорски услуги

Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец Штип, во рамките проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, финансиран од владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, a спроведуван во партнерство со Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип  и  Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, го објавува овој јавен повик за прибирање на понуди за ревизорски услуги.

НАЗИВ: „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“

НОСИТЕЛ: Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“- Штип.

ПАРТНЕРИ: Здружение ЕХО едукативно-хуманитарна организација од Штип и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница

ДОНАТОР: Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026.

НАРАЧАТЕЛ: Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип, со седиште на ул.Сутјеска бр.59 во Штип.

ЗАДАЧИ И КРИТЕРИУМИ

1.      Главни задачи на правното лице за спроведување ревизорски услуги:

  • Да спроведе ревизија на проектните активности и трошоци кој се имплементирани во периодот од: 01.07.2024 – 31.10.2026;
  • Да спроведе ревизија на проектните активности и трошоци кои се имплементирани во периодот од: 01.07.2024-30.06.2025 година (I ДЕЛ);
  • Да спроведе ревизија на проектните активности и трошоци кои се имплементирани во периодот од: 01.07.2025-31.10.2026 година (II ДЕЛ);
  • Да изготви и достави извештаи според спецификациите и стандардите опишани во „Меѓународен стандард за ревизија 800/805“ со вклучено ревизорско мислење за двата дела (I и II).

2.      Критериуми за избор на правното лице за спроведување ревизорски услуги:

Задолжително кандидатот/тката за позицијата треба да има:

  • Најмалку 3 (три) години професионално работно искуство во спроведување ревизии на граѓански организации, странски фондации, програми и проекти имплементирани од граѓански организации и странски фондации, кои оперираат во Република Северна Македонија.
  • Најмалку 2 (две) претходно спроведени ревизии според стандардите специфицирани во прилог согласно барањата на донаторот.

Бодови:

Портфолио на компанијата40 бодови
Капацитет за спроведување на ревизија, број на вработени и број на лиценцирани ревизори20 бодови
Финансиска понуда40 бодови
Вкупно100 бодови

ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Рок за доставување на понудите 31.03.2025 година;

Рок за избор на најповолен понудувач и известување 10.04.2025 година;                                  

Потпишување Договор за соработка 14-16.04.2025 година;                            

Извршување на првата ревизија (ДЕЛ I): август 2025 и на вториот дел од проектот во ноември 2026 година.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудата треба да содржи:

  • Портфолио на компанијата;
  • Биографии и лиценци на тим од овластени ревизори вработени во компанијата коишто ќе работат на ревизијата;
  • Финансиска понуда;

Понудите се доставуваат во електронска форма на електронска адреса на Гласен Текстилец: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Наслов на електронската порака: Понуда за Ревизорски услуги за проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“.  

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Благојче Дишоски: 075316108, секој работен ден во периодот од 09 до 16 часот или на електронската адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Дополнителни незадолжителни документи во оваа фаза:


Проектот е финансиран од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Содржината на овој повик е единствена одговорност на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“, Штип  и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Scroll to Top