ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316109

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

[Завршен повик] ЈАВЕН ПОВИК изнајмување на техничка и аудио опрема за Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место

Здружението Гласен Текстилец од Штип во рамките на проектот „Институционално и економско зајакнување на девојките и жените од Источен регион“ ја организира Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, која ќе се одржи на 7 март 2025 година (петок) со почеток во 16:00 часот во Хотел Оаза – Штип. На конференцијата ќе бидат разгледувани важни теми поврзани со родова еднаквост, дискриминацијата и предизвиците на работното место. Со цел да поттикнеме соработка и конструктивен дијалог, ќе се организираат излагања и дискусии со експерти, работодавачи, Национални институции и
граѓански организации, кои ќе дадат конкретни препораки за создавање на безбедни и инклузивни работни средини за жените.

НАРАЧАТЕЛ: Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ од Штип, со седиште на ул.Сутјеска бр.59 во Штип.

ЦЕЛ НА ПОВИКОТ:

  • Изнајмување на техничка/аудио опрема за Национална конференција. Опремата треба да биде комплетна и да биде наменета за околу 50 присутни.

ВРЕМЕНСКА РАМКА:

Рок за доставување на понудите 28.02.2025 година;

Рок за избор на најповолен понудувач и известување 03.03.2025 година;

Реализација: 7 март 2025 со почеток во 16:00 часот, хотел Оаза Штип.

ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите се доставуваат во електронска форма на blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk или на ул.Сутјеска бр. 59, 2000 Штип.

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, нема да бидат земени предвид.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Благојче Дишоски: 075316108, секој работен ден во периодот од 09 до 16 часот.

Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска.

Scroll to Top