На 7 март 2025 година, во Штип одржа Националната конференција за родова еднаквост и дискриминација на работното место, организирана од Гласен Текстилец.
Говорници на конференцијата ни беа:
- Кристина Ампева, претседателка на Гласен Текстилец;
- Миле Бошков, извршен претседател на БКМ;
- Винка Мирчевска Правулович, работничка;
- проф. д-р Лазар Јовевски, советник на премиерот за труд и социјална политика;
- Миле Стојановски, Министерство за економија и труд;
- Лимко Бејзароски, претседател на КСЗД;
- Маја Цветановска, Државен трудов инспекторат.
На конференцијата се отвори конструктивна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат работничките, механизмите за заштита од дискриминација и потребата од системски промени. Претставниците од различни сектори ги споделија досегашните искуства, успешните примери, но и прашањата кои остануваат нерешени во рамките на постојната законска регулатива.

-Ќе се сетиме пред година дена дека имавме случај, каде што на бремена работничка не и беше продолжен договорот за работа, подоцна тие истите работодавачи да објават нов оглас за истото работно место и конечно имавме еден случај да докажеме по 30 години дека ете заедно со Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ете тие договори на определено се користат токму заради тоа. Доколку жена работничка користи боледување за нега на дете, доколку е бремена или слично, ете тие договори се користат за тоа да не им биде продолжен договор за вработување, рече Ампева.

Националната конференција е дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион 2“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен текстилец од Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен текстилец Штип.
#РодоваЕднаквост#ДискриминацијаНаРаботнотоМесто#НационалнаКонференција #ГласенТекстилец
