#ГиЗнамСвоитеРаботничкиПрава #ЈаЗнамСвојатаМоќ

ℹ️ На 17 и 18 април 2026 година во хотел Градче во Кочани се одржа обука за 14 врснички едукатори/ки, на теми поврзани со законот за работни односи, дискриминација и вознемирување на работното место, како и меѓуврсничко насилство.
Во периодот што следи активно ќе работиме со врсничките едукатори и ќе реализираме врснички едукации во Штип, Кочани, СветиНиколе и Радовиш.
Во текот на двата дена учесниците имаа можност да се запознаат со:
  • концептот на врсничка едукација;
  • елементи на договорот за вработување;
  •  права на млади работници, под 18 години;
  • препознавање и спречување мобинг и дискриминација на работното место, како и меѓуврсничко насилство.
Обуката е дел од проектот Организирани граѓани за организирана иднина, поддржан од Меѓународниот центар Олоф Палем и Шведска.