Од 21 до 23 август, во Битола, се одржа меѓународната конференција „Синдикатите: организации на работниците или продолжена рака на политиката“, во организација на Независниот синдикат на полицијата.
На конференцијата, на која учествуваа претставници на повеќе полициски и други синдикати од регионот, присуствуваше и Кристина Ампева од Гласен синдикат.
Темата на конференцијата беше особено значајна и актуелна. Синдикатот треба да биде независен и силен глас на работникот, а не продолжена рака на која било власт или институција. Неговата улога е да ги штити правата и интересите на работниците, да биде коректив и секогаш отворено да реагира кога работничките права се загрозени.
Во рамки на конференцијата се одржа и состанок на Балканската полициска унија, на кој се разговараше за актуелните состојби, идните активности, како и за можностите и процесот на проширување на Унијата.
Посебно значајно беше и присуството на претставниците на синдикатите од регионот како официјални гости на одбележувањето на Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) во Битола.

