ЕЛЕКТРОНСКА АДРЕСА

Info@glasentekstilec.mk

ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ

075316107

АДРЕСА

Сутјеска 59, Штип

[Завршен повик] Барање за прибирање на понуди за печатење на промотивни материјали во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“

До: Сите заинтересирани страни

Почитувани,

Здружението за заштита на работничките права „Гласен текстилец“, во партнерство со Здружението ЕХО едукативно-хуманитарна организација Штип и Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци Виница, во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, има потреба од прибирање на понуди за печатење на промотивен материјал.

Вашата понуда треба да се достави електронски на следната електронска адреса: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk, најдоцна до 05 септември 2025 година.

Потребни материјали:

РбНазив на продуктКоличинаЕдинечна цена без ДДВВкупна цена без ДДВ
1Торбички од еколошки материјал200 поставете цена поставете цена
2Пенкала од еколошки материјал300 поставете цена поставете цена
3Нотеси од еколошки материјал180 поставете цена поставете цена
4Bookmarks од еколошки материјал600 поставете цена поставете цена

Понудата може да содржи повеќе видови од горенаведениот производ со различен еколошки квалитет и цена.

НАПОМЕНА: Цените на производите да бидат изразени во македонски денари без ДДВ.

Лице за контакт: Благојче Дишоски, 075316108 или blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk. Секој работен ден во периодот од 13 до 15 часот.

Со почит,
Тимот на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“

Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

Scroll to Top