Денес имавме задоволство да бидеме домаќини на шведскиот Амбасадор и тимот на Амбасадата на Шведска во Скопје, во рамките на иницијативата #EmbassyOnTheRoad.

Посетата претставуваше значајна можност за размена на искуства и перспективи за улогата на социјалниот дијалог, локалните партнерства и инклузивниот развој во зајакнувањето на заедниците и подобрувањето на условите за работа и живот. 

Во текот на средбата го претставивме развојот на Гласен Текстилец од локална иницијатива во препознатлива организација со експертиза во областа на работничките права, граѓанското учество, јавните политики и развојот на заедницата. Разговаравме и за значењето на соработката помеѓу граѓанскиот сектор, институциите, општините, образовните чинители и приватниот сектор во создавањето одржливи и современи модели за локален развој. 

Посебно внимание беше посветено на долгогодишната соработка и размена со партнерите од Борос, град меѓународно препознатлив по успешното поврзување на текстилната традиција со иновациите, образованието, одржливоста и современиот економски развој. Како текстилни градови со слична индустриска историја, Борос и Штип претставуваат значаен пример за тоа како размената на знаења и меѓународната соработка можат да придонесат за зајакнување на локалните капацитети и отворање нови развојни можности.

Ја истакнавме и важноста на континуираната поддршка од Olof Palme International Center – North Macedonia Programme и  Шведска, како и соработката која континуирано се развива и придонесува за зајакнување на нашата видливост, експертиза и меѓународна соработка. 

Преку ваквите партнерства и дијалози продолжуваме да промовираме пристапи кои човекот, дијалогот и одржливоста ги ставаат во центарот на развојните процеси. 
Искрено сме благодарни за посетата, континуираната поддршка и отворениот и конструктивен разговор.

Facebook
Twitter
LinkedIn