
Почитувани,
Ве покануваме да бидете дел од Форумите за јавна презентација и застапување на буџетските иницијативи, преку кои заеднички ќе придонесеме кон поголемо учество на жените и девојките во креирањето на локалните политики и донесувањето одлуки за општинските буџети.
На форумите ќе бидат презентирани иницијативи и предлози за подобрување на положбата на жените и девојките во локалните заедници, ќе се дискутира за нивните потреби и предизвици, како и за можностите за поактивно вклучување во процесите на донесување одлуки на локално ниво.
Термини и локации на одржување:
- Виница – Хотел „Александар Парк“, 16 јуни 2026 година (вторник), со почеток во 13:00 часот;
- Штип – Хотел „Оаза“, 24 јуни 2026 година (среда), со почеток во 14:00 часот;
- Делчево – Хотел „Либеро“, 26 јуни 2026 година (петок), со почеток во 16:00 часот.
Програми:
Пријавување:
За учество потребно е да се пополни пријавна форма со име и презиме, контакт телефон и градот за кој се пријавувате: https://forms.gle/3Wj1SrSaNaER6VhbA.
Организатори:
-
- Виница: Иницијатива на невработени интелектуалци;
-
- Штип: ЕХО едукативно-хуманитарна организација;
-
- Делчево: Гласен Текстилец.
Контакт и дополнителни информации:
Телефони:
-
- Тодор: 076 345 365;
-
- Стефан: 075 316 109.
Е-пошта: info@glasentekstilec.mk
Форумите се дел од проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
Содржината на овој настан е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.


