Преднатоварувач
Преднатоварувач

За нас

Години работење
0 +

За нас

Гласни за работнички права и достоинствен труд

„Гласен Текстилец“ ги информира, поддржува и застапува работничките и работниците, со посебен фокус на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Поддршка и застапување

Нашиот пристап

Мисија, визија и вредности

Секој наш чекор започнува со гласот и потребите на работниците. Преку информирање, поддршка и јавно застапување ги претвораме проблемите во конкретни промени.

Мисија

Граѓани работници со висока свест, едуцирани и информирани, кои ги уживаат своите права.

Визија

Да бидеме водечка организација за остварување на правата на работниците во Република Северна Македонија.

Наши вредности

Солидарност, еднаквост, независност, професионалност, отчетност и транспарентност.

Како работиме

Од работнички проблем до конкретна промена

Нашата работа започнува со искуството на работниците. Го утврдуваме проблемот, обезбедуваме соодветна поддршка и ги застапуваме нивните барања пред институциите и јавноста.

Слушаме и документираме

Разговараме со работниците и ги документираме повредите на работничките права.

01

Советуваме и постапуваме

Обезбедуваме бесплатна правна и параправна помош и ги активираме достапните механизми за заштита.

02

Застапуваме и следиме

Случаите ги претвораме во барања за системски промени и го следиме постапувањето на институциите.

03

За што се залагаме

Цели и задачи

Нашите цели и задачи ја преточуваат мисијата на „Гласен Текстилец“ во конкретна работа за заштита и унапредување на работничките права, еднаквоста и  солидарноста.

Работиме професионално, одговорно и транспарентно, со јасни процедури и отчетност кон работниците, партнерите и јавноста.

Ги застапуваме интересите на работниците од приватниот сектор, со посебен фокус на текстилната, кожарската и чевларската индустрија.

Ги правиме видливи проблемите со кои се соочуваат работниците и јавно укажуваме на повредите на нивните права.

Организираме активности преку кои работниците ги запознаваат своите права и механизмите за нивна заштита.

Ги развиваме сопствените капацитети за подготовка и реализација на проекти.

Соработуваме со домашните и меѓународните институции за поефикасно решавање на работничките проблеми.

Создаваме мрежи со други организации за размена на знаење, здружено дејствување и поголемо влијание.

 

Ги правиме видливи проблемите на маргинализираните и ранливите работници и се залагаме за еднаква заштита на нивните права.

Преку уметнички и културни активности ја поттикнуваме социјалната инклузија и јавната свест.

Нашиот тим

Луѓето зад нашата мисија

Основачи на „Гласен Текстилец“

Луѓето кои ја препознаа потребата од здружен глас и ги поставија темелите на организацијата во борбата за достоинствена работа, еднаквост и заштита на работничките права.

Претседателка

Координатор на финансии

Основачка

Ивана Грозданова

Основачка

Злата Петрова

Органи на управување и надзор

Членови на органите на Здружението „Гласен Текстилец“.

  • Кристина Ампева
  • Благојче Дишоски
  • Злата Петрова
  • Ивана Грозданова
  • Сенад Арслан
  • Стефан Давчев
  • Димитринка Динова
  • Винка Правулова
  • Виктор Вукановски
  • Славица Накова
  • Мане Ангеловски
  • Катерина Ордева
  • Стефан Давчев
  • Димитринка Динова
  • Винка Правулова

Заедно можеме да направиме повеќе за работничките права. Контактирај нè

Сведоштва

Гласови на луѓето што ги поддржуваме

Прочитајте ги искуствата на работниците, соработниците и партнерите кои непосредно ја почувствувале нашата поддршка и биле дел од нашата борба за подобри работнички права.

„Гласен текстилец“ е вистински глас на работниците и пример за искрена борба за работничките права. Одличен извор на корисни информации, поддршка и доверба за секој работник.“

Винка Правулова Работничка

„Со „Гласен текстилец“ заедно сме посилни и заедно сме погласни. Работниците добиваат силна поддршка и сигурност дека нивниот глас се слуша, вреди и се почитува.“

Катерина Ордева Работничка

„Преку социодрама и Трансакциска анализа, тимот на „Гласен текстилец“ покажа длабоко разбирање на социјалните појави и силна посветеност на одговорна заштита на работничките права.“

Јасмина Калеовска Социјална работничка, соработничка

„Учествував на форуми, обуки и работилници на „Гласен текстилец“ за работнички права и родова еднаквост, кои ми оставија силен и позитивен впечаток.“

Славица Накова Работничка

„Преку програмите на „Гласен текстилец“ ги унапредив знаењата во финансискиот менаџмент и ја потврдив важноста на одговорното управување со ресурсите за одржливи промени.“

Благојче Дишоски Координатор на финансии