Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип објавува повик за доставување понуди за хотелско сместување, угостителски услуги и конгресна сала за потребите на тридневна работилница, која ќе се одржи во периодот од 13 до 15 ноември 2026 година.

Понудата треба да опфати хотелско сместување за 20 учесници, со две ноќевања (13 и 14 ноември), полн пансион, конгресна сала и кафе-паузи со освежување.

Деталните услови и потребните услуги се наведени во приложеното барање за прибирање понуди.

Рок за доставување понуди: 1 ноември 2026 година, до 12:00 часот.

Електронска адреса за доставување: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

По завршувањето на постапката, ќе биде известен само избраниот економски оператор.

Прилог: Барање за прибирање понуди за хотелско сместување и конгресна сала (PDF).

Активнса дел од проектот „Институционално и економско зајакнување на жените и девојките од источниот регион“, којшто го имплементира здружението за заштита на работничките права Гласен Текстилец – Штип. Проектот е финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation и Шведска. Содржината на овој повик е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип.

View FullscreenSkip to PDF content