Во периодот од 5 до 7 април, во Велес, се реализира обуката за параправнички со кои наредниов период ќе работиме активно во рамките на нашата програма за параправна помош.
Целите на нашата параправна програма се:
• правно зајакнување, описменување и мотивирање на заедницата за самозастапување;
• информирање на заедницата;
• давање основни правни совети во индивидуални случаи;
• застапување и лобирање пред надлежните органи за носење подобри политики и практики.
SMART way – know your rights!
SMART way – participate today!
SMART way – join the discussion!
SMART way – be proactive!

Проектот е поддржан со оперативен грант на регионалниот проект СМАРТ Балкан – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, кој го спроведуваат Centar za promociju civilnog društva (CPCD) од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Северна Македонија и Институтот за демократија и Медијација (ИДМ) од Албанија, а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец и не мора да ги одразува ставовите на Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Институтот за демократија и медијација и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

