Литературен награден конкурс за песна и краток расказ на тема: „Наши права, наша иднина“!

Право на учество на Конкурсот, со свои творби, имаат ученици од основните и средните училишта во Штип.

Литературните творби се доставуваат на следната електронска адреса: konkurs2026@glasentekstilec.mk со назнака: За награден конкурс.

Заедно со творбата, се доставуваат: име и презиме (на авторот), со неговата адреса, училиште и телефонски број;

За сите учесници темата е: „Наши права, наша иднина“!

Се предвидува да бидат доделени по 3 (три) награди, во две конкуренции:

  • за ученици од 6-9 одделение (I, II, III награда);
  • за средношколци (I, II, III награда).

Конкурсот трае од 01.09.2026 до 28.09.2026 година.

Резултатите ќе бидат објавени и наградите доделени во просториите на НУ – УБ „Гоце Делчев“ – Штип.

 на ден 02.10.2026 (петок) во 16:30 часот.

 Во Штип,  01.09.2026 год. од Конкурсната комисија.