Краток опис на проектот:

Проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“ има за цел да придонесе кон унапредување на социјалниот дијалог, подобра заштита на работничките права, поголема информираност и охрабрување на работниците да ги препознаваат, пријавуваат и бараат своите права. Во услови на зголемен број прекршувања на работничките права, отпуштања, затворање компании, неисплатени плати и придонеси и ограничен социјален дијалог, „Гласен Текстилец“ обезбедува директна правна помош, застапување и поддршка на работниците.

Проектот истовремено придонесува кон поголема јавна видливост на прашањата поврзани со достоинствената работа, економската и социјалната правда, родовата еднаквост и недискриминацијата. Посебно внимание се посветува на жените работнички, младите и работниците од нископлатените индустрии.

Активности:

Во рамки на проектот се реализираат четири главни групи активности:

  • Правна помош и застапување за работниците: бесплатна правна помош, советување, судско застапување и мониторинг, следење на случаи, работни средби, работилници и застапување пред националните институции, и водење на институционални постапки.

  • Документи за застапување:
    • Анализи на ЗРО;
    • Брифови;
    • Едукативни материјали.
  • Текстилијада 10 „Текстилијада“ е годишен настан во организација на „Гласен Текстилец“ кој ги поврзува работничките права со културата, уметноста, активизмот и јавниот дијалог. Фестивалот создава простор работниците/чките, младите, институциите, синдикатите, граѓанските организации и културните работници заедно да разговараат за најважните општествени предизвици и да поттикнат конкретна акција. Во Штип, град со длабока текстилна традиција, Текстилијада ја чува работничката меморија и гради современа култура на солидарност и отпор кон неправдата.

  • Програма за врсничка едукација: обука на средношколци за работнички права, мобинг, дискриминација и односи на работното место, кои понатаму ќе го пренесуваат стекнатото знаење на своите врсници. Со оваа програма се опфатени над 800 ученици од Источен регион, односн од градовите Штип, Виница, Кочани и од градовите Кавадарци, Свети Николе и Радовиш.

  • Организациска и институционална поддршка: обезбедување стабилно функционирање на организацијата и континуитет на услугите за работниците, и одржување на канцеларијата.

Целни групи:

Проектот е наменет за работници и работнички од приватниот сектор, особено од текстилната и другите нископлатени индустрии, лица чии работнички права се прекршени, жени изложени на дискриминација на работното место, како и средношколци и млади кои се подготвуваат за влез на пазарот на трудот.

Активностите вклучуваат и граѓани, граѓански организации, неформални групи на работници, синдикати и претставници на локалните и националните институции. 

Период на имплементација:

Октомври 2018 – декември 2026 година, со неколкукратно продолжување на проектот.

Контакт:

blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk

Проектот е финансиски поддржан од  Меѓународниот центар Олоф Палме и Шведска. Содржината на оваа страница е единствена одговорност на Гласен Текстилец – Штип и не ги одразува ставовите на Олоф Палме центарот и Шведска.