Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ – Штип објавува повик за прибирање понуди за кетеринг услуги, простор и техничка опрема за потребите на јавниот форум „Жените знаат што им треба“, кој ќе се одржи на 12 ноември 2026 година во Штип, со предвидено учество на околу 50 лица.
Предметот на набавката е поделен на две одделни ставки:
- Ставка 1: Кетеринг и освежување: Обезбедување храна и освежување за 50 учесници.
- Ставка 2: Простор и техничка опрема: Обезбедување конференциска сала, озвучување, микрофони, проектор и друга потребна техничка опрема.
Понудата е делива, односно заинтересираните економски оператори можат да достават понуда за една или за двете ставки. Секоја ставка ќе се разгледува и оценува одделно.
Рок за доставување понуди: 1 ноември 2026 година, до 12:00 часот.
Електронска адреса за доставување: blagojche.dishoski@glasentekstilec.mk
Деталните услови и спецификации се достапни во приложеното барање за прибирање понуди.
Прилог: Барање за прибирање понуди за кетеринг услуги, простор и техничка опрема (PDF).
Повикот се објавува во рамките на проектот „Жени со глас за праведен буџет во Штип“, спроведуван од Гласен Текстилец, како дел од проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, имплементиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права, а финансиран од UN Women.

