Preloader
Skip to content
default-logo
  • За нас
    • Кои сме
    • Нашиот тим
    • Партнерства и мрежи
    • Транспарентност
      • Годишни извештаи
      • Организациски документи
  • Нашата работа
    • Програми
    • Тековни проекти
    • Завршени проекти
    • Текстилијада
  • Ресурси
    • Публикации
    • Весник „Текстилец“
    • Стрипови
  • Новости и повици
    • Соопштенија и новости
    • Повици
  • Контакт
    • Контактирајте нѐ
    • Пријави корупција
  • Гласен Синдикат
Гласен Синдикат
Preloader

[Завршен повик] Повик за учество на обука за врснички едукатори/едукаторки на теми од Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг – продолжен рок за пријавување до 30 септември

  • 24.07.2024
  • Повици, OPC, Завршени повици, Закон за работни односи, Млади, активизам и волонтеризам

Здружението „Гласен Текстилец“ од Штип, објавува повик за средношколци за учество на работилница за врснички едукатори/едукаторки на тема: Едукација на 10 врснички едукатори/ки во врска со Законот за работни односи, дискриминација и мобинг/булинг, кои подоцна ќе едуцираат над 150 млади од Источен регион во рамките на проектот „Организирани граѓани за организирана иднина“, финансиски поддржан од Olof Palme International Center и Шведска.

Компоненти на обуката:
Дел 1: Пријавување и селекција;
Дел 2: Обуки за селектираните врснички едукатори од средните училишта од наведените градови (еднодневна во Штип);
Дел 3: Врснички едукации од страна на обучените едукатори во нивните матични училишта.

Ги повикуваме да се пријават сите заинтересирани средношколци од општините од источниот и вардарскиот регион (Штип, Кочани, Свети Николе и Делчево) најдоцна до 10 септември 2024 година (рокот е продолжен до 30 септември), кои ги исполнуваат следните критериуми:
• Да се средношколци во општините во наведените градови во тековната и во наредната учебна година (2024/25);
• Да се мотивирани и амбициозни да водат врснички работилници со средношколци во нивните училишта.

За работилницата ќе бидат селектирани најмалку по двајца ученици од секое училиште во општините наведени во повикот.

Трошоците од самата обука ќе бидат покриени од страна на Гласен Текстилец.

Пријавувањето се врши со пополнување на следниов линк: Формулар за пријавување.

Повеќе информации можете да добиете на електронската адреса: info@glasentekstilec.mk или телефонски на 075 316 109.

Ознаки:Организирани граѓани за организирана иднина

„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано од текстилни работнички и активисти за човекови права. Се бориме за достоинствена работа, еднаквост и правда.

Брзи линкови

  • Кои сме
  • Нашиот тим
  • Партнерства и мрежи
  • Транспарентност
  • Контакт
  • Пријави корупција

Работа и ресурси

  • Програми
  • Тековни проекти
  • Текстилијада
  • Публикации
  • Весник „Текстилец“
  • Новости и повици

Контакт

+389 75 316 107

info@glasentekstilec.mk

ул. Ванчо Прке бр. 125, Штип

Следи нѐ

Copyright © 2026 Гласен Текстилец. Сите права се задржани.