Петтото издание на весникот „Текстилец“ се осврнува на економската криза, инфлацијата и растечките трошоци за живот, кои најсилно ги погодуваат работниците со ниски примања.

Изданието ги обработува минималната плата и платата доволна за живот, иселувањето на младите, синдикалното организирање, довербата во правосудството, професионалните заболувања и безбедноста при работа. Опфатени се и непријавената работа, институционалните контроли и борбата на „Гласен Текстилец“ за заштита на работничките права.

Преземете го петтото издание и прочитајте ги ставовите, анализите и сведоштвата за економските и социјалните предизвици.