
Успешно ги реализиравме овогодинешните врснички едукации во рамки на кампањата „ги знам своите работнички права ја знам својата моќ“




#ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ
Во текот на изминатиот период имавме можност да работиме со над 130 ученици од:
📍 СОУ „Јане Сандански“ – Штип
📍 СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип
📍 ДСУ РЦСОО „Коле Нехтенин“ – Штип
📍 ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип
📍 СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани
📍 СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани
Врсничките едукатори и едукаторки заедно со младите разговараа за работничките права, Законот за работни односи, мобингот, дискриминацијата и меѓуврсничкото насилство.
Преку овие едукации им овозможивме на учениците подобро да ги разберат своите права и обврски како идни работници, како и механизмите за заштита од дискриминација, мобинг и други форми на неправедно постапување.
Голема благодарност до сите ученици, наставници, стручни соработници и училишта кои беа дел од оваа иницијатива и придонесоа за нејзината успешна реализација. 💙
Заедно градиме генерации кои ги познаваат своите права и ја препознаваат својата моќ. ✨
#ГиЗнамСвоитеРаботничкиПраваЈаЗнамСвојатаМоќ #Млади #РаботничкиПрава #Штип #Кочани
Едукациите се поддржани од Меѓународниот центар Олоф Палме Olof Palmes Internationella Center и Амбасадата на Шведска во Скопје Embassy of Sweden in Skopje.
„Гласен Текстилец“ е непрофитно и непартиско здружение основано од текстилни работнички и активисти за човекови права. Се бориме за достоинствена работа, еднаквост и правда.
Copyright © 2026 Гласен Текстилец. Сите права се задржани.